Disney останува без ексклузиви, им продава серии на конкурентите

Компанијата Walt Disney размислува да ја продаде својата ексклузивна содржина на конкурентни дистрибутери.

За да ги компензира загубите на својата платформа за стриминг, Disney+, компанијата Walt Disney сериозно размислува да дозволи дистрибуција на своите филмови и серии кај конкурентите.

Со купувањето на студија како што се Lucasfilms, Marvel Studios и неодамна 20th Century Fox, фокусот на компанијата во голема мера беше насочен кон платформите за стриминг. Сепак, според Bloomberg, Disney сега размислува за лиценцирање на најголемиот дел од содржината на филмови и серии на „ривалски медиуми“ поради зголемениот притисок да ги надомести загубите предизвикани од запуштањето на другите платформи и кинопродукции во корист на давање приоритет на стриминг сервисот Disney+.

Овој потег ќе ѝ овозможи на компанијата да заработи повеќе пари од својата разновидна понуда на содржини, менувајќи ја скапата одлука за прикажување ексклузивна содржина на своите платформи Disney+ и Hulu - одлука што ги чинеше милијарди долари. Минатата година компанијата објави дека стриминг платформите во нејзина сопственост го надминале Netflix во однос на вкупниот број претплатници, но по цена на оперативната загуба, која порасна од 0,8 милијарди на 1,5 милијарди.

Преокупираноста на Боб Чапек, поранешниот извршен директор, со непрофитабилните платформи за стриминг, исто така, доведе до запоставување на забавните паркови Disney, што резултираше со влошување на квалитетот на услугата, скок на цените на билетите и севкупно незадоволство на гостите. Сега ново-стариот извршен директор, Боб Ајгер, сака да се врати назад. Всушност, многу експерти ги наведуваат овие лоши перформанси како главна причина поради која управниот одбор на компанијата го отпушти Чапек.

Боб Ајгер активно се обидува да го реши проблемот со зголемените трошоци во тематските паркови, како и да спроведе реорганизација на структурата на компанијата, враќајќи ги извршните позиции на креативните поединци. Освен тоа, Ајгер се обидува да ги врати филмовите на Disney во кината во следните три години, наместо да ги прикажува исклучиво на платформата Disney+, а се наведува и дека е во преговори за лиценцирање на постојната содржина на трети страни.

За жал, останува нејасно која содржина ќе биде достапна на другите платформи, па не знаеме дали е можно да ја видиме премиерата на третата сезона на серијата The Mandalorian на 1 март, понудена од конкурентите, како што е Netflix.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Филм & ТВ

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе