Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на одлуката од 08.04.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,536%, кај дизелот намалувањето е за 0,730%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,580% и кај мазутот намалувањето е за 2,057%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,362%
Од 16.04.2024 година од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 – 86,50 (денари/литар)
- моторен бензин Еуросупер БС-98 – 88,50 (денари/литар)
- дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 77,50 (денари/литар)
- масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,50 (денари/литар)
- мазут М-1 НС – 44,302 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 ден/кг и сега ќе изнесува 44,302 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 16.04.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.