Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 12.259,485 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 554,072, а оздравеле 7.127,591лица.

Министерот за здравство на Хрватска Вили Берош денеска изјави дека со 81 случај на зараза на 100.000 жители, Хрватска и натаму е во најповолна епидемиолошка ситуација во Европа. Тој вели дека земјата покажува дека е можно релативно нормално да се живее со коронавирусот, со отворени граници и обновени економски активности. Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на коронавирус и вкупната бројка сега изнесува 3.416 од кои 978 активни случаи.

Пандемијата на коронавирус во Африка достигнува „целосна брзина“ и треба да се подготвиме за најлошото сценарио, предупреди денеска шефот на Африканскиот центар за контрола и превенција на болести, Џон Нкенсгасонг. Бројот на заразени надмина половина милион, а повеќе од 12.000 луѓе починаа. Со мали можности за тестирање, се стравува дека вистинскиот број на заразени е далеку поголем.

Од денеска Бугарија повторно воведува некои од построгите мерки во борбата против коронавирусот, како што е забрана на публиката на натпревари и забрана за работа на ноќни клубови.

Во последните 24 часа, регистрирани се 110 новозаразени лица и три починати лица од коронавирусот во Федерацијата БиХ. Од вкупно 72 потврдени смртни случаи во БиХ, 46 биле машки (63,89 проценти) и 26 жени (36,11 проценти). Во однос на возрасната структура, 50 починати пациенти (69,44 проценти) биле постари од 65 години, соопшти Федералниот институт за јавно здравје.

Во Индонезија, во последните 24 часа е дијагностициран коронавирус кај уште 2.657 лица, што е рекордно зголемување на бројот на нови случаи во земјата од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на заразени во Индонезија изнесува 70.736 лица. Како резултат на во Индонезија, во текот на вчерашниот ден починаа 58 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од оваа болест достигна на 3.417, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Во Србија во последните 24 часа се потврдени нови 266 случаи на коронавирусот, а 11 лица починаа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 352.

Во Велика Британија денеска се регистрирани нови 85 смртни случаи на COVID-19, со што бројот на починати достигна 44.602 лица. Регистрирани се нови 642 случаи или вкупно досега 287.621 случај.

Во Албанија расте бројот на новозаразени лица од COVID-19, како и на оздравени но, според Министертвото за здравство и социјална заштита загрижува сѐ поголемиот број на хоспитализирани лица. Во последното деноноќие од направените 401 тест, позитивен резултат е добиен кај 82 лица, додека во списокот на излекувани се впишани 41. Посебно загрижува податокот дека се зголемува бројот на оние кои се хоспитализирани во Инфективната клиника, кој моментно изнесува 84,од нив 11 се на интензивна терапија, додека шестммина се во тешка состојба, стои во соопштението на Министертвото. Од почетокот на пандемијата направени се 31.093 тестови, позитивни на COVID-19 се 3.188, излекувани 1.832,починале 83, активни на болеста се 1.273 лица.

Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани два нови случаја на COVID-19 од направени 1.159 тестови, а вкупниот број на заразени се зголеми на 1.010 лица.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе