Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирусот досега се заразиле вкупно 23.684.779 лица. Од нив починале 814.235, а оздравеле 16.139.779.

Атина – Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран намален број нови случаи на COVID-19. Националната организација за јавно здравје соопшти 170 случаи, од кои 27 се од направените тестови на влезните точки во земјата. Бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 8.819 лица.

Никозија – Министерството за здравство на Кипар денеска соопшти за вкупно 39 нови случаи на COVID-19 од кои 30 се по направените тестови на аеродромите во текот на викендот. Вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.460 лица.

Пекинг – Кина пријави 16 нови случаи на COVID-19, а сите случаи се увезени од странство, соопштија денеска здравствените власти. Веќе осум дена Кина нема случаи на локално пренесување на коронавирусот.

Мумбај – Индија во последните 24 часа пријави 61.408 случаи на коронавирус, а вкупниот број на заразени е повеќе од 3,1 милиони, соопшти Министерството за здравство. Бројот на починати во последните 24 часа изнесува 836, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 57.542 луѓе.

Лима - Перу во последните 24 часа пријави 9.090 случаи на COVID-19, а вкупниот број на заразени во земјата достигна 594.326, соопшти Министерството за здравство во Лима. Бројот на смртни случаи достигна 27.663, додека 399.357 луѓе оздравеле.

Мексико Сити – Мексико во последните 24 часа пријави 3.948 случаи на COVID-19, што е за 2.444 помалку од претходниот ден. Вкупниот број на заразени лица во земјата од почетокот на пандемијата достигна 560.164. Во последните 24 часа починале 226 лица, што е за 418 помалку од претходниот ден, а од почетокот на пандемијата во Мексико починале 60.480 луѓе.

Бразилија – Во последните 24 часа во Бразил се регистрирани 23.421 нови случаи на коронавирусот, а починале 494 пациенти, објави Министерството за здравство. Бројот на заразени денеска е помал за дури 25.000 од претходниот ден. Од почетокот на епидемијата, во Бразил се заразени 3,6 милиони луѓе. Починале повеќе од 114.000 луѓе.

Токио – Јапонија во последните 24 часа потврди 746 нови случаи на COVID-19, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата. Вкупниот број заразени сега изнесува 63.221. Уште пет лица починале од коронавирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 1.194. Од новите случаи, 212 се пријавени во Токио. Според градските власти, 51 проценти од новите случаи биле потврдени кај пациенти на возраст од 20 до 30 години.

Софија – Во изминатите 24 часа во Бугарија се потврдени 60 случаи на заразени со коронавирусот, што е за 36 помалку од претходниот ден. Вкупниот број на заразени достигна 15.287. Според официјалната статистика, во последните 24 часа нема починати од коронавирус, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 545.

Москва – Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Русија е зголемен за 4.744 – на 961.493. Во изминатите 24 часа од COVID-19 починале 65 лица, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 16.448 лица.

Љубљана – Уште две лица починаа од коронавирус во Словенија, а потврдени сe уште 14 случаи на заразени, соопшти денеска словенечката Влада. Во Словенија има вкупно 2.665 случаи на коронавирусот, а починале вкупно 133 лица.

Вашингтон – Во САД се потврдени 34.567 нови случаи на коронавирус, објави универзитетот Џонс Хопкинс. Вкупниот број на потврдени случаи во САД во моментов е 5.703.586. Во последните 24 часа, починале уште 449 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 176.808.

Букурешт – Во Романија во последните 24 часа се потврдени 825 нови случаи на коронавирус, а 37 лица починале, соопшти кризниот штаб на земјата. Во последните неколку недели земјата регистрираше по повеќе од 1.000 случаи на ден. Во Романија, потврдени се вкупно 79.330 случаи на коронавирусот, а 3.309 луѓе починале.

Приштина – Во последните 24 часа во Косово се потврдени 99 нови случаи на коронавирус, а 13 лица починале, објави Националниот институт за јавно здравје во Приштина. Во истиот период биле тестирани вкупно 406 лица, додека 152 пациенти се излекувани. Вкупниот број на позитивни случаи на Косово од почетокот на пандемијата е 12.547, додека бројот на активни случаи е 3.410. Починале вкупно 480 луѓе. 

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Свет

Мајкл Коен призна дека крадел пари од фирмата на Трамп

Read more

Масовни протести во Тел Авив, се бара оставка од Бенјамин Нетанјаху

Read more

Италијански супервулкан го погоди најсилниот земјотрес во последните 40 години

Read more

Бајден: Она што се случува во Газа не е геноцид

Read more
 

Вести

Мајкл Коен призна дека крадел пари од фирмата на Трамп

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовни протести во Тел Авив, се бара оставка од Бенјамин Нетанјаху

Читај повеќе

Италијански супервулкан го погоди најсилниот земјотрес во последните 40 години

Читај повеќе

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Читај повеќе

Бајден: Она што се случува во Газа не е геноцид

Читај повеќе

Сончево и топло време преку ден, попладне краткотројно невреме

Читај повеќе
  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе