„Дневна соба на тркала“  - електричното комбе FIAT E-Ulysse

FIAT порано го нудеше скромното миникомбе Ulysse, кое го напушти пазарот во 2010 година, но сега ова име се врати во модерно издание.

FIAT го претстави својот втор електричен модел по новиот модел 500e - електричното комбе e-Ulysse наменето првенствено за урбаните пазари.

Клиентите имаат избор од две батерии со капацитет од 50 и 75 kWh, додека максималниот опсег е 330 километри. Стандардниот систем за брзо полнење од 100 kW може да ја наполни батеријата до 80 проценти капацитет за 45 минути. FIAT e-Ulysse развива максимални 136 КС и 260 Nm вртежен момент, а максималната брзина му е 130 км/ч.

Од FIAT очекуваат електричното комбе да се користи за такси услуги, за потребите на хотелите и другите компании кои сакаат електричен возен парк за транспорт. Затоа, ова практично возило нуди неколку конфигурации за седум или осум патници.

Во верзијата Lounge со седум седишта, E-Ulysse може да има втор ред седишта свртен кон третиот ред, со маса на преклоп помеѓу. Затоа FIAT оваа верзија ја нарекува „дневна соба на тркала“. Конфигурацијата со осум патници има дополнително седиште во вториот ред.

Италијанската компанија ја нагласува разновидноста на E-Ulysse со тоа што има 12 различни конфигурации за верзијата со осум седишта, а таа бројка се зголемува на 15 во случајот со верзијата со седум седишта. Споменатата маса може да се преклопи во неколку позиции. Средните и задните седишта се поставени на шини и може лесно да се позиционираат и извадат.

FIAT E-Ulysse е опремен со системи за помош на возачот и безбедносни системи, има автоматски систем за итно сопирање, систем за предупредување за излегување од лента, систем за следење на мртвите точки, систем за препознавање сообраќајни знаци и слично. Не е познато дали овие системи се стандардни или опционални.

Најдобро опремените модели имаат 7-инчен екран на допир, панорамски покрив, седишта обложени со кожа, xenon фарови, електронска задна врата и пренослив прочистувач на воздух.

Комбето на европскиот пазар ќе пристигне во мај, а цената сè уште не е позната.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Авто новости

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе