До денеска 70 Македонци со двојно државјанство се вакцинирале во Врање

Македонските државјани имаат голем интерес за вакцинирање во Србија и досега околу 70 граѓани од Северна Македонија, кои имаат и српско државјанство, се вакцинирани со кинеската вакцина на Sinofarm на пунктот во Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

– Бидејќи не можев да ја примам вакцината во Скопје, вакцината не дојде во Македонија и бидејќи сум двоен државјанин и на Македонија и на Србија, поднесов барање до Е-Управата за примање на вакцината. Тие ми излегоа во пресрет и ми го испратија датумот на примање на вакцината, изјави за РТС Зоран Симоновски од Скопје.

Јадранка Ајановиќ, директор на ДЗ во Врање, посочи дека за вакцинирање на странските државјание потребно е да бидат соодветно електронски пријавени преку Е-Управата, како што е протоколот за сите граѓани од Република Србија.

– Што се однесува до странските државјани, тие мора да имаат потребна документација, лична карта, односно пасош, изјави Ајановиќ.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, изјави денеска дека во Србија можат да се вакцинираат странските државјани кои имаат престој во Србија.

На прашањето дали странските државјани можат да се вакцинираат во Србија и каква е постапката, Ѓерлек изјави дека сите странски државјани кои имаат престој во Србија, како и државјаните на Србија, можат да се пријават преку Е-Управа.

– Тие ќе бидат повикани, според местото на престој за да се вакцинираат во најблискиот центар за вакцинација, кажа Ѓерлек по состанокот на министерот за здравство Златибор Лончар со директорите на ковид-болниците.

Од владината Канцеларија за ИТ наведуваат дека странските државјани можат да се вакцинираат во Србија, но дека прво мора да се регистрираат на порталот на Е-Управа. Тие ќе бидат повикани на вакцинација според планот презентиран од институтот Батут.

На порталот Е-Управа постои можност да аплицираат странски државјани со и без престој во Србија.

До денеска во Србија се имаат вакцинирано 495.964 граѓани.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе