Додека локалците умираат во болниците, туризмот „цвета“ и покрај пандемијата

2020 година беше погубна година за туризмот. Но, една земја успеа да се искачи на скалата на популарност кога станува збор за туристички посети: Мексико го достигна глобалното трето место според бројот на туристи среде пандемијата.

На секои пет минути, авиони од целиот свет слетуваат и полетуваат на меѓународниот аеродром во Канкун. И така е од средината на декември. Ова мексиканско одморалиште на карипскиот брег е во екот на сезоната. Луфтханза исто така ја обнови линијата од Франкфурт за ова летно одморалиште во октомври, и покрај строгите правила во врска со патувањето за време на корона-кризата. На плажите, толпи туристи од Европа и Северна Америка, пред пирамидите на Маите повторно се формираат редици, пишува Дојче веле. Хотелиерите и угостителите здивнаа со олеснување.

За многу туристи, песочните плажи и тиркизното море се очигледно доволно примамливи да ја прикријат реалноста дека единиците за интензивна нега во мексиканските болници се пренатрупани, бројот на новоинфицирани расте секојдневно и досега повеќе од 174.000 луѓе починале од инфекција со коронавирус. Ваквиот став на глобалните туристи го направи Мексико, по Франција и Италија, третата најпосетувана туристичка дестинација во светот. Кога станува збор за Латинска Америка, Мексико е убедливо на прво место.

Причините за ваквиот брз развој на туризмот во Мексико се повеќекратни. Од една страна, Мексико никогаш не ги затвори своите граници или бараше ПЦР тест при влегување во земјата. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор е еден од оние политичари кои одбиваат мерки за затворање за да не ѝ наштетат на економијата. Друга причина се мексиканските емигранти кои масовно ја посетуваат својата татковина за време на Божиќ и со тоа „се грижат“ за зголемувањето на бројот на туристички посети.

Мајкл Хале од една консултантска компанија верува дека рекордната мексиканска статистика треба да се земе со резерва бидејќи тие ги вклучуваат и првите три месеци од 2020 година кога сè уште немаше ограничувања поврзани со пандемијата и кога Мексико вообичаено во екот на сезоната.

И покрај третото место на глобалната туристичка скала, мексиканскиот туризам бележи и драматични загуби: скоро 48 проценти помалку посети и 55 проценти помалку приходи во споредба со 2019 година. Поголемо чудо е што индустријата закрепна толку брзо. Кон ова треба да се додаде и фактот дека во Мексико, за разлика од некои други земји како Германија, немаше субвенции за авиокомпаниите или за туристичката индустрија. Во пресрет на пандемијата, мексиканската влада дури го затвори националното биро за маркетинг за туризам поради штедење.

Добар хигиенски концепт

Завршија добра работа на локално ниво.

„Уште летоска, хотелите на карипскиот брег развија хигиенски концепти како никој друг во Канада“, вели Хале, кој потекнува од оваа северноамериканска земја. Тоа, како што вели тој за Дојче веле, создаде доверба кај глобалните туристи.

Во покраината Квинтана Ру, каде се наоѓа Канкун, гувернерот нареди задолжително носење маски. Покрај тоа, ова одморалиште на Карибите се наоѓа на само три до четири часа оддалеченост од локации во Северна Америка, од каде потекнуваат најголем број странски гости. Колку е пократок летот, толку е помала можноста за инфекција во авионот.

Но, многу лекари во Мексико сметаат дека оваа отворена политика во туристичкиот сектор е една од главните виновници за зголемувањето на бројот на новозаразени лица во туристичките региони. Епидемиолошката состојба во овие региони се влоши од февруари, но ситуацијата е многу поповолна отколку во жариштата во и околу Мексико Сити.

Мајкл Хале исто така верува дека луѓето ќе сакаат да надоместат за изгубеното време.

„Најновите истражувања покажуваат оптимизам кај граѓаните на САД, пред сѐ поради забрзаниот процес на вакцинација, што ги зголемува очекувањата за нормално патување за шест месеци“, вели Хале.

Но има уште многу да се стори: Канада и САД започнаа да бараат негативен ПЦР тест од оние што се враќаат од странство поради мутираните варијанти на вирусот, а практиката на карантин е засилена. Мексиканските туристички работници веднаш реагираа на аеродромите и туристичките центри каде започнаа да нудат ПЦР тестирање.

Мексико, како и многу други туристички земји, смета Хале, може да извлече поука од оваа криза и да се сврти кон поексклузивен, одржлив туризам без масовни пристигнувања и заминувања на туристи. Тој заклучува дека не само туристичките работници, туку и околината може да имаат корист од тоа.

Тагови
реклама

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе