Доделени новинарските награди „Никола Младенов“ за 2023 година

Фото: Македонски институт за медиуми

Новинарот Александар Димитриевски ја доби првата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2023“, за сторијата „Од фирма за долна облека до надзор над проект од 1,3 милијарди евра со позајмени експерти“, објавена во емисијата „360 степени“.

Од Македонскиот институт за медиуми информираат дека серијалот текстови и видео прилози на авторот Димитриевски открива сериозни нерегуларности во тендерската постапка за избор на  надзор врз најголемиот и најскапиот инфраструктурен проект  во историјата на земјава -  изградбата на автопатите од страна на конзорциумот Бехтел-Енка. Обелоденувајќи ја намерата за местење на тендерот за надзор, којшто треба да биде единствената контрола врз „тајната“ изградба на коридорите 8 и 10 и трошењето на 1,3 милијарди долари јавни пари, новинарот демонстрира исклучителен новинарски ангажман, темелност и систематичност во  анализа и проверка на голем број документи и податоци поврзани со спорниот тендер.

Втората награда за Најдобра истражувачка сторија ја доби новинарката Ирена Мулачка за серијалот текстови поврзани со случувањата на Клиниката за онкологија, објавени во неделникот „Фокус“.

Авторката Мулачка, преку серијалот текстови објавува фрапантни податоци за сериозни пропусти и малверзации во лекување на пациентите на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Низата стории го стегаат обрачот околу незаконското, неетичко и коруптивно дејствување на дел вработени на Клиниката, што го подигнува општествениот аларм и притисокот врз надлежните институции за преземање порешителни чекори.

Новинарот Мартин Пушевски е добитник на третата награда за Најдобра истражувачка сторија за серијалот текстови за борбата на граѓаните од Струмичката Котлина против отворање на рудникот „Иловица“, објавени на порталот „Дома“.

Серијата текстови за „Иловица“ открива како рудникот стигна на чекор до добивање дозволи за работа, наспроти загриженоста и реакциите на граѓаните и на стручната јавност за штетите што можат да бидат предизвикани врз животната средина во Струмичката Котлина.

Тимот новинарки Сашка Цветковска, Елена Митревска Цуцковска, Маја Јовановска и Ивана Настеска од редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија ја доби наградата за Најиновативен новинарски производ, за истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово“, емитуван на МТВ1 и на веб-страницата на ИРЛ.

Истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово“ го редефинира новинарското раскажување и на иновативен начин ги презентира фактите и аргументите што произлегуваат од повеќемесечната истрага на новинарите за причините за една од најголемите несреќи во Македонија, пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, во којашто животот го загубија 14 граѓани.

Наградата за Најдобра репортерска фотографија ја доби фоторепортерот Томислав Георгиев за фотографијата „Црква“, објавена во интернет изданието на неделникот „Фокус“.

Пофалници за истакнат новинарски ангажман во категоријата Најдобра истражувачка сторија им беа доделени на новинарките  Мирјана Мирчевска Јовановиќ, Славица Филиповска Иванова и Јасмина Јакимова. Додека на редакцијата „Види Вака“ и на новинарката Катерина Топалова им беа доделени пофалници за истакнат новинарски ангажман во категоријата Најиновативен новинарски производ.

На годинешниот конкурс што беше објавен на 31 јануари и траеше до 26 февруари 2024  пристигнале:

  • 39 стории обработени во 175 текстови/видео прилози во категоријата Најдобра истражувачка сторија
  • 15 теми обработени во 16 текстови/видео прилози во категоријата Најиновативен новинарски производ
  • 21 фотографија во категоријата Најдобра репортерска фотографија.

Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ ги доделува традиционално од 2001 година, а од 2013 година, наградата го носи името на угледниот новинар и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов.                                                                     

Извештајот на жири-комисијата е достапен ТУКА.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе