Доделени преведувачките награди „Драги“

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 03.10.2023 / 14:55

Првиот настан на фестивалот BookStar почна со доделување на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик на Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа Артконект.

Комисијата за доделување на наградата „Драги“ едногласно реши да му се додели и специјална признание-плакета за продолжување на преведувачката традиција и креативниот дух на Драги Михајловски на Никола Ѓелинчески за неговиот превод од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации.

На настанот, деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Владимир Мартиновски, и главниот уредник на „Антолог“, Жарко Кујунџиски, потпишаа меморандум за соработка со кој Факултетот стана партнер во организирањето на наградата.

Во истата прилика се додели и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачката Александра Јоаниду за преводот на книгата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска на грчки јазик.

На претпоследниот состанок за доделувањето на наградата „Драги“, жирито се одлучи во третиот и последен круг на селекција да влезат 5 преведувачи:

1. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански јазик на „Пет куси романи и неколку раскази“ од Наталија Гинцбург во издание на Артконект.

2. Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на Артконект.

3. Иван Шопов за преводот од хрватски јазик на „На работ од паметот“ од Мирослав Крлежа во издание на Бегемот.

4. Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Елизабет Финч“ од Џулијан Барнс во издание на Артконект.

5. Никола Ѓелинчески за преводот од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации.

На 1 септември 2022 година тимовите на издавачката куќа „Антолог“ и на Фестивалот „BookStar“ дадоа иницијатива да се востанови наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик, во што семејството на Драги Михајловски ја даде својата безрезервна поддршка. Заедничката цел беше, од една страна, да се даде прилог кон овековечувањето на животот и делото на Драги Михајловски, а од друга страна, да се постави нов стандард во вреднувањето на преведувачката дејност.

Првото почесно признание постхумно беше  доделено токму на Драги Михајловски. Наградата официјално ќе почне да се доделува  оваа година на годишно ниво на конкурс на кој ќе може да учествуваат сите издавачки куќи и преведувачи со веќе објавен превод.

За наградата можеше да се конкурира со книги објавени во периодот меѓу 1 јули 2022 година и 30 јуни 2023 година.

Објавените книги мора да бидат преведени од оригинален јазик, а може да се конкурира со дела преведени од „живи“ и од класични јазици (арапски, старогрчки, санскрит и латински јазик).

Наградата се доделува за превод на дела од сите книжевни видови: проза, поезија и драма.

Право на номинација за наградата имаат издавачки куќи, здруженија на граѓани и преведувачи.

Секоја издавачка куќа или здружение на граѓани имаат право да номинираат најмногу пет книги, а секој преведувач има право да номинира најмногу две книги.

Еден преведувач не може да биде номиниран со повеќе од еден превод.

Конкурсот беше отворен до 30 јуни 2023 година. 

Фотографии: Facebook страница „Награда ДРАГИ“

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе