Додик објави во кој случај ќе ја отцепи Република Српска

Лидерот на Република Српска, Милорад Додик, најави дека ентитетот ќе се отцепи од Босна и Херцеговина во случај ако високиот меѓународен претставник Кристиан Шмит наметне измени во Изборниот закон и најави средба со водечките бошњачки и хрватски партии за да се обиде да постигне договор за ова.

Шмит, кој ја предводи меѓународната администрација во Босна и Херцеговина, во средината на декември најави дека ќе интервенира во изборното законодавство на земјата со цел да се гарантира транспарентноста на изборниот процес во случај домашните политичари да не се согласат за ова прашање. Тој во изјава за локалните медиуми додаде дека лидерите на партиите на власт се очекува оваа недела да разговараат за низа реформи и таа средба ја нарече Ден Д.

„Тоа ќе биде Денот Д. Ако некој се осмели да ја помине границата и да реализира сценарио кое му отвора простор да наметне нешто. Ако продолжат да го растураат Дејтон, ќе добијат независна Република Српска и распадната нефункционална Федерација“, изјави Додик за медиумите во Бања Лука.

Тој претходно во неколку наврати се закануваше со отцепување на Република Српска во случај Шмит, чија власт ја оспорува, да наметне некои од законите.

Измената на Изборниот закон со технички подобрувања е еден од условите на Европската комисија со цел до март да му препорача на Европскиот совет безусловно отворање на преговорите за членство со Босна и Херцеговина.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Регион

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе