Документарецот за Хари и Меган предизвика контроверзии: Ја мамат јавноста

Долгоочекуваната документарна серија на Netflix, за принцот Хари и Меган Маркл, веќе предизвика контроверзии бидејќи британските медиуми ги критикуваат и двата објавени трејлера, тврдејќи дека станува збор за злоупотребени снимки и фотографии.

Двата трејлери за новиот документарец на Netflix беа критикувани поради погрешен начин на користење на снимки и на фотографии.

На трејлерите се прикажани архивски видеа и фотографии додека принцот Хари и Меган зборуваат дека се ставени настрана од кралското семејство и дека се прогонувани од медиумите.

Посочено е дека најмалку три фотографии се направени од настани кои немаат врска со парот.

Британскиот кралски дописник Џени Бонд остро ги критикуваше „исклучително невештите продукциски вредности“ на документарецот за Хари и Меган, додека истакнатата новинарка Лорејн Кели ја опиша употребата на одредени фотографии и снимки како „бизарни“.

Дури и BBC објави детална анализа на моменти кои ја „мамат“ јавноста.

URL


Друг клип, користен кога Хари зборува за „болката и страдањето на жените“ кои се венчаат во кралското семејство, покажа снимка од манекенката Кејти Прајс како пристигнува на суд во Лондон минатиот декември.

URL

Третиот, кој се користи за да се илустрира медиумско бркање, покажува снимка од поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, како го бркаат папараците.

URL

Една фотографија ги прикажува Хари и Меган фотографирани одозгора, додека Хари зборува за протекување информации во јавноста.

Кралскиот уредник на Evening Standard, Роберт Џобсон, ги негираше обвинувањата и тврди дека фотографијата е направена со нивна дозвола од акредитиран фотограф.

Remote video URL
реклама

Филм & ТВ

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе