Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

На азиските пазари денеска акциите пораснаа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од добивките на Волстрит во петокот, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути се лизна од највисоките 20 години.

Индексот на MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, до 7:00 часот порасна за 1,4 отсто, откако минатата недела потона за 3,5 отсто и падна на најниско ниво во последните две години.

Цените на акциите утринава пораснаа меѓу 0,8 и 2,4 отсто во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг, додека Токиската берза беше затворена поради одмор. Азиските инвеститори беа поттикнати од силниот раст на акциите на Волстрит во петокот, со што беше прекината четиридневната серија на загуби.

Тоа е благодарение на ублажувањето на стравувањата на инвеститорите за целосен процентен поен пораст на каматните стапки од страна на американската централна банка, откако неколку претставници на ФЕД изјавија дека ќе се залагаат за зголемување на цената на парите за 0,75 процентни поени.

Но, и ова е многу агресивно зголемување на каматите, па нема еуфорија на пазарите. Дотолку повеќе што го чекаме расплетот на ситуацијата во Европа во однос на снабдувањето со гас од Русија. Во четврток, по редовното одржување, повторно треба да биде отворен Северен поток 1, клучниот гасовод од Русија до Германија.

„Доколку протокот на гас не се врати во значителна мера, цените на гасот во Европа нагло ќе пораснат, што ќе ги принуди Германија и другите земји да го рационализираат користењето на енергијата. Во тој случај очекуваме длабока рецесија. Но, ние веруваме дека протокот на гас ќе биде обновен“, вели Тејлор Нуџент, економист во NAB.

Во ваква неизвесност, седницата во четврток ќе ја одржат претставниците на Европската централна банка (ЕЦБ), која очекувано ќе ги зголеми клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени за прв пат од 2011 година. Во септември, пак, може да се очекува поголем пораст на цената на парите, со оглед на тоа што инфлацијата во еврозоната достигна рекордни 8,6 отсто.

Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

И на девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна, откако минатата недела достигна највисоки нивоа во последните 20 години. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,78 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 108,05 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 138,55 на 138,35 јени. Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0105 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0080 долари.

Закрепнувањето на еврото е на стаклени нозе, велат аналитичарите, бидејќи на еврозоната и се заканува рецесија поради високата инфлација и енергетската криза. Под притисок е и европската валута поради неизвесноста околу испораката на руски гас во Европа.

„Ако не се обнови протокот на гас, еврото би можело да падне најмалку 2 отсто во однос на доларот“, вели Џозеф Капурсо, економист во CBA.

Цените на нафтата, пак, утрово пораснаа, по минатонеделниот пад од над 5 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 0,72 отсто, на 101,89 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,39 отсто, на 97,97 долари.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе