Доларот ослабе, цените на нафтата паѓаат, нема еуфорија на берзите

На азиските берзи денеска цените на акциите пораснаа, како што пораснаа на Волстрит претходниот ден, иако растот на економиите во регионот забавува и иако Јапонија западна во рецесија.

MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, во 7 часот порасна за 0,7 отсто, надополнувајќи ги вчерашните загуби. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 1,2 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг и Австралија пораснаа меѓу 0,2 и 0,7 отсто. Во Јужна Кореја, пак, забележаа благ пад, додека кинеските берзи се сè уште затворени поради прославата на лунарната нова година.

Податоците објавени утринава покажаа дека јапонската економија неочекувано падна благо во последниот квартал од минатата година, што ја втурна во рецесија, бидејќи втор квартал по ред се намалува бруто домашниот производ (БДП).

Сингапурскиот БДП порасна, од друга страна, помалку отколку што очекуваа аналитичарите. И покрај тоа, цените на акциите на повеќето берзи пораснаа, со што следеше вчерашниот раст на Волстрит, каде Dow Jones зајакна 0,40 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,96, а Nasdaq индексот за 1,30 отсто.

Откако претходниот ден потонаа за повеќе од 1 отсто, индексите вчера повратија дел од загубите бидејќи инвеститорите беа поттикнати од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на неколку компании. Поради оваа причина, цената на акцијата на Uber е зголемена за речиси 15 отсто, а на Lyft за околу 35 отсто.

За растот на S&P 500 и Nasdaq индексот придонесе и скокот на цените на технолошките гиганти Nvidia, Meta Platforms и Tesla за повеќе од 2 отсто.

Сепак, на пазарот немаше еуфорија бидејќи надежите дека американската централна банка веќе во март ќе ги намали каматните стапки избледеа. Во последните месеци берзанските индекси растат токму благодарение на шпекулациите дека ФЕД агресивно ќе ги намали каматните стапки оваа година, веќе почнувајќи од март.

Меѓутоа, откако во вторникот беше објавено дека инфлацијата во јануари неочекувано порасна на 3,1 отсто на годишна основа, на пазарот веќе не се ни споменува намалувањето на каматните стапки во март, а избледени се изгледите за намалување на каматите во мај.

На валутните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна, по вчерашниот силен раст. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,69 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,95 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 150,50 на 150,20 јени. Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0725 долари, додека вчера во ова време беше 1,0715 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,45 отсто, на 81,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,51 отсто, на 76,25 долари.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Бизнис

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Читај повеќе

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Читај повеќе

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Читај повеќе

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Читај повеќе

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Читај повеќе

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Читај повеќе

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Читај повеќе