Доларот паѓа, цената на нафтата расте, страв од рецесија на берзите

На пазарите на валути падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се лизна за 0,19 отсто на 104,60 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна за 0,34 отсто, на 136,25 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,18 отсто, на 1,0605 долари.

Цените на нафтата, пак, дополнително се зголемија, откако минатата недела зајакнаа за околу 4 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,82 отсто, на 79,66 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,86 отсто, на 74,95 долари.

Азиските акции утринава паднаа бидејќи инвеститорите стравуваат од рецесија, а централните банки најавија дополнително зголемување на каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата бидејќи економскиот раст забавува.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,6 отсто околу 07:00 часот, продолжувајќи ја негативната траекторија од минатата недела.

Утрово на токиската берза индексот Nikkei се лизна за 1,1 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонгконг, Јужна Кореја и Шангај паднаа меѓу 0,2 и 1,6 отсто.

Така, падот на цените на акциите продолжи на азиските берзи, откако минатата недела загубија повеќе од 2 отсто.

Ова е резултат на натамошното зголемување на каматните стапки во западните земји, а американската ФЕД и Европската централна банка најавија дополнително зголемување на цената на парите, со оглед на тоа што инфлацијата и натаму е многу висока.

А поради зголемувањето на каматните стапки забавува и растот на економиите. Банката на федерални резерви, на пример, проценува дека бруто домашниот производ (БДП) на САД ќе порасне за 0,5 проценти следната година, како и оваа година, но многу аналитичари сметаат дека економијата следната година би можела да западне во рецесија.

Рецесија ѝ се заканува на еврозоната, имајќи предвид дека минатата недела челниците на Европската централна банка изјавија дека ќе биде неопходно дополнително значително зголемување на каматните стапки за да се потисне инфлацијата.

Кинеските берзи утрово се под најголем притисок, по веста за новото затворање на училиштата во Шангај поради брзото ширење на COVID-19. Ова може дополнително да го забави и онака многу бавниот раст на кинеската економија.

На пазарите негативно влијаат и податоците кои покажуваат дека деловната доверба во Кина падна на најниско ниво од 2013 година, кога овие податоци беа следени.

Во овој период од годината, цените на акциите обично растат бидејќи заедничките фондови и другите големи инвеститори ги зајакнуваат своите портфолија, што е вообичаено за крајот на годината.

Но, аналитичарите велат дека оваа година вообичаениот раст на цените може да отсуствува или ќе биде многу слаб.

„Подемот на Дедо Мраз обично започнува во средината на декември на крилјата на радоста и новогодишниот оптимизам, бонусните инвестиции, нискиот обем на тргување и отсуството на повлекување на капиталот од пазарот. Но, во годините кога пазарот е во минус до средината на декември, подемот на Дедо Мраз има тенденција да биде послаб или помалку сигурен“, објаснува Шејн Оливер, стратег во AMP Capital.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе