Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

На азиските берзи цените на акциите благо пораснаа, благодарение на добрите економски показатели, но тргувањето се одвива претпазливо бидејќи поради високата инфлација се очекува зголемување на каматните стапки од регионалните централни банки. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 0,3 отсто околу 19 часот.

Утрово на токиската берза индексот Nikkei порасна за 0,6 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонгконг и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 1,2 отсто. Во Шангај, пак, тие се лизнаа за 0,2 отсто. Азиските инвеститори беа охрабрени од податоците кои укажуваат на забрзување на растот на најголемите регионални економии, по укинувањето на строгите рестриктивни мерки поврзани со COVID-19.

Имено, утринава беше објавено дека активноста во кинескиот услужен сектор во јуни достигна највисоко ниво за речиси една година, додека во Јапонија, истиот месец, активноста во услужниот сектор најмногу порасна за повеќе од осум години.

Доброто расположение на пазарите е и благодарение на веста дека американскиот претседател Џо Бајден може да ги намали царините за увоз на некои кинески производи за да ја заузда инфлацијата. Сепак, на пазарите нема еуфорија бидејќи инфлацијата продолжува да расте во земјите од регионот, па се очекува зголемување на каматите од централните банки.

Ова се главните причини зошто индексот MSCI на азиско-пацифичките акции загуби околу 16 отсто од почетокот на годината. Така, се очекува дека денеска австралиската централна банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки за 0,50 процентни поени.

Јужнокорејската централна банка би можела да го стори истото овој месец, бидејќи утринава беше објавено дека инфлацијата во таа земја во јуни достигна 6 отсто на годишна основа, што е највисока од финансиската криза. Пазарите се поддржани од благиот раст на американските фјучерси индекси, кои попладнево најавуваат раст на цените на акциите на Волстрит, додека вчера во САД немаше работа поради празникот.

А на девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката на валути благо порасна. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 105,19 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,08 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 135,05 на 136,20 јени. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0435 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0430 долари. Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,23 отсто, на 113,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,94 отсто, на 110,53 долари.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе