Анџелина Џоли прошета по улиците на Њујорк и ја покажа својата нова фризура.

Холивудската актерка својата препознатлива кафена коса ја обои руса. Џоли беше фотографирана на Менхетен со пуштена руса коса, стилизирана во нежни бранови.
Заедно со новата фризура таа облече долг црн капут, додека носеше гламурозни црни очила. Оскаровката долги години потврдува дека црната ѝ е омилена боја, па и овој пат остана доследна на стилот. Аутфитот го комплетираше со нежна, едвај видлива шминка, пристоен накит и огромна чанта.
Косата на Анџелина не беше толку светла откако ја обои во платинеста нијанса во 1999 година за нејзината улога во „Girl, Interrupted“.
Таа, исто така, ја замени својата природна смеѓа боја за русокоса во „Come Away“, „Gone in Sixty Seconds“ и „Life or Something Like It“, но секогаш верно ѝ се враќаше. Кога сѐ ќе се собере, ова е една од нејзините најголеми промени во стилот во последните години.