Домашната платежна картичка ја искористиле 309.337 граѓани

Скопје, 23 август 2020 (МИА) – Вкупно 309.337 граѓани ја искористиле домашната платежна картичка, а вкупниот реализиран промет изнесува 26,5 милиони евра, објави попладнево министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот Facebook профил.

– Ова е најобемната мерка од ваков тип која се спровела кај нас, која воспостави нов начин на имплементација. Како антикризна мерка, главни цели на домашната платежна картичка беа да се поддржат целни категории на граѓани во соочувањето со Ковид-кризата и економската активност преку поттикнување на приватната потрошувачка на домашни производи и услуги и на кус рок да се амортизира ударот врз економијата. Но, домашната платежна картичка беше димензионирана и осмислена со цел да донесе и многу други бенефити и системски промени во општеството: креирање свест за купување домашни производи, поттикнување на безготовинско плаќање и промена на навиките, а со тоа дејствување кон сузбивање на сива економија и современа администрација – услуга кон граѓаните без шалтери, документи и поднесување барања, вели Ангеловска.

Според сумираните податоци што ги објави Ангеловска, од околу 330.000 кои биле на листите, платежната картичка ја зеле 309.337 граѓани, додека од вкупно префрлените 28,3 милиони евра кон банките, искористени се 26,8 милиони евра за издадени картички. Од нив, 26,5 милиони евра се потрошени за купување на домашни производи. Разликата, како што пишува Ангеловска, ќе биде вратена во Буџетот.

Гледано по групи на граѓани, најголема реализација или 97 проценти има кај невработените лица и здравствените работници, а најниска кај младите лица (90 проценти). Поточно, на 113.000 невработени и приматели на социјална помош им се доделени 16,5 милиони евра, на 111.000 вработени со ниски примања – 5,4 милиони евра, на 81.000 млади – 4 милиони евра и на 4.000 здравствени работници – 900.000 евра.

Со проектот „Домашна платежна картичка“ забележан е раст од околу 20 проценти кај бројот на издадени платежни картички и раст во бројот на трансакции за околу 40 проценти. Поставени се и над 1.200 нови ПОС терминали.

Според Ангеловска, растот на безготовинските трансакции значи намалување на нерегистрираните трансакции кои се дел од сивата економија, а со проектот поставени се и нови стандарди во имплементацијата за поефикасна администрација.

Граѓаните кои ги имаат домашните платежни картички ќе можат и понатаму да ги користат како нормални дебитни картички.

– Верувам дека истите ќе најдат примена и во иднина при дизајнирање на идни проекти и програми на Владата. Да купуваме домашно, да плаќаме безготовински, да се стремиме сите заедно за подобро и посовремено општество, пишува Ангеловска на Facebook.

реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Македонија

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more
 

Вести

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе