Домот на културата АСНОМ во Делчево оставен на забот на времето

Домот на културата „АСНОМ“ во градот Делчево е оставен на забот на времето, обвинуваат од Левица и побараа итен одговор од градските власти за решавање на овој проблем.

По повод 30 години од АСНОМ во тогашна Југославија, собранието на Република Македонија донело одлука за изградба на 30 Домови на културата во 30 градови низ републиката. Во 1974 година градот Делчево го добил овој грандиозен објект кој и ден денес го има во историските записи за еден од најубавите домови на културата, изграден како Меморијален културен центар во чест на Антифашистичкото собрание за национално ослободување на Македонија.

„За жал од 'независноста' на Македонија овој Дом на културата е оставен на забот на времето, салата со 600 седишта и подвижна бина до ден денес не е завршена, а состојбата од година во година сѐ повеќе се влошува. Во невремето кое го зафати градот Делчево на 25.06.2022 година дојде до оштетување на кровната конструкција, но за среќа се направи минимална штета. До ден денес градските власти немаат идеја (или не сакаат) како да се санираат оштетувањата и покрај тоа што седиштето на Општина Делчево се наоѓа во овој Културен дом!?“.

URL

„Алармантно загрижувачки е и тоа што во близина на овој објект се наоѓаат училиштето 'Ванчо Прќе', градинката 'Весели цветови' и градскиот пазар каде што секојдневно поминуваат деца и родители со што се доведува во прашање нивната безбедност! Во 32 години од 'самостојна' Македонија, трошењето на милиони евра во партиски вработувања, криминал и корупција, непродуктивни трошоци, безидејност и немањето почит кон овие културни споменици, е местото каде што сме денес“, обвинуваат од локалниот делчевски огранок на политичката партија Левица.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе