НБА 2023/2024

Дончиќ блескаше, Јокиќ разочара, но сепак го победи

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше многу лоша поентерска вечер во победата над Лука Дончиќ, чиј дабл-дабл со 38 поени беше пиров.

Најдобриот светски кошаркар на паркетот мина речиси 28 минути и постигна 8 поени со 9 скока и 7 асистенции, па неговите соиграчи беа оние кои го предводеа актуелниот шампион до победата над расположениот Дончиќ.

Канаѓанецот Џамал Мареј беше најефикасен со 22 поена, 4 скока и 2 асистенции, додека Арон Гордон додаде 21 со по 5 скока и асистенции. Реџи Џексон постигна 20 поени со 4 асистенции, Зики Наџи додаде 14 со 4 скока и 2 асистенции, додека Џулиан Стротер заврши со 12 поени, 3 скока и 2 асистенции. Двоцифрен беше и Пејтон Вотсон со 10 поени, 7 скока и 3 асистенции.

URL

Кај Мавс најдобар беше Лука Дончиќ со дабл-дабл учинок, кому за 2 асистенции му одмина трипл-дабл. Словенецот имаше 38 поени, 11 скока и 8 асистенции, а го следеше само Данте Ексум кој мечот го заврши со 11 поени и 2 асистенции. Никој друг негов соиграч не постигна двоцифрен број на поени.

Remote video URL

Меѓу останатите резултати, вреди да се издвои изненадувачкиот пораз на Филаделфија на свој паркет со 108:104 за Чикаго, како и 24-от последователен пораз на Детроит. Пистонс овојпат беа поразени од Атланта Хокс со 130:124.

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Хјустон Рокитс 135:130 (прод.)
Индијана Пејсерс - Лос Анџелес Клиперс 127:151
Филаделфија 76ерс - Чикаго Булс 104:108
Атланта Хокс - Детроит Пистонс 130:124
Мајами Хит - Минесота Тимбервулвс 108:112
Торонто Репторс - Шарлот Хорнетс 114:99
Оклахома Сити Тандер - Мемфис Гризлис 116:97
Денвер Нагетс - Далас Маверикс 130:104
Јута Џез - Бруклин Нетс 125:108
Сакраменто Кингс - Вашингтон Визардс 143:131
Лос Анџелес Лејкерс - Њујорк Никс 109:114

Табела:

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Кошарка

ЕвроБаскетот 2029 ќе се игра во Грција

Read more

Минесота го декласираше Голден Стејт и израмни на 1-1, Грин го нокаутираше Рид

Read more

МекКинли Рајт – МВП на АБА лигата

Read more

Колку натпревари ќе пропушти Кари?

Read more
 

Спорт

ЕвроБаскетот 2029 ќе се игра во Грција

Читај повеќе

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Читај повеќе

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Читај повеќе

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Читај повеќе

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе