Дончиќ: Не одам никаде, но на Далас му се потребни промени

Кошаркарот на Далас Маверикс и словенечки репрезентативец, Лука Дончиќ, демантираше дека по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, пренесуваат американските медиуми.

Одредени медиуми објавија дека Дончиќ бил незадоволен од политиката на клубот и се заканувал дека ќе го напушти Далас доколку управата не ангажира засилувања до стартот на новата сезона. Далас остана без плеј-оф и плеј-ин, бидејќи регуларниот дел од сезоната во НБА го заврши на 11-тото место во поредокот на Западната конференција со 38 победи и 44 порази.

Челниците на Далас решија да се откажат од борбата за плеј-ин на два натпревара пред крајот на регуларниот дел од сезоната за да го задржат својот избор на претстојниот НБА драфт.

„Се договоривме, но не ми се допадна. Не реков дека сакам да го напуштам Далас, тоа некаде го прочитав. Некој рекол дека сакам да заминам, а тоа не бев јас. Среќен сум во Далас, има причина за да се грижите“, рече Дончиќ.

Словенечкиот кошаркар истакна дека очекува промени во екипата на Далас со што тимот од Тексас следната сезона ќе биде конкурентен за титулата.

„Нешто мора да се промени, тоа е сигурно. Минатата сезона стигнавме до финалето на Западната конференција, тогаш бев воодушевен од атмосферата во тимот“, додаде Дончиќ.

Сезонава словенечкиот претставник имаше просек од 32,4 поени и имаше 8,6 скока и 8 асистенции по натпревар.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Кошарка

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе