НБА 2022/2023

Дончиќ трагичар во шокантниот пораз на Далас од Њу Орлеанс

Ф.З.
/ 26.10.2022 / 08:24

Кошаркарите на Далас Маверикс и покрај одличната партија на Лука Дончиќ доживеаја шокантен пораз од ослабениот Њу Орлеанс Пиликанс.

Тимот на Пеликанс ги пречека Маверикс без своите најдобри двајца играчи Зион Вилиамсон и Брендон Инграм, но сепак успеа да слави со 113:111.

Во отсуство на првите две напаѓачки опции играчите ја распределија одговорноста и тоа се покажа како рецепт за успех - дури осуммина играчи уфрлија двоцифрен број на поени, а најмногу Треј Марфи - 22.

Дончиќ брилјираше и го заврши натпреварот со 37 поени, 11 скокови и 7 асистенции, а двоцифрени во редовите на Далас беа и Спенсер Динвиди со 24 и Кришчн Вуд со 23 поени.

И покрај 37-те поени, Дончиќ беше трагичар на натпреварот бидејќи во последните секунди шутна тројка од 9 метри, но промаши. Доколку погодеше ќе беа поени за победа на Далас.

Remote video URL

Резултати:

Вашингтон Визардс - Детроит Пистонс 120:99
Њу Орлеанс Пиликанс - Далас Маверикс 113:111
Оклахома Сити Тандер - Лос Анџелес Клиперс 108:94
Феникс Санс - Голден Стејт Вориорс 134:105

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама
 

Ново

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе
  • filter

Поглед во кабриолетот Batur Convertible на Bentley

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе