Доверливи британски воени документи пронајдени на автобуска станица

Доверливи документи од Министерството за одбрана, кои содржат детали за разорувачот на британската кралска морнарица и војската на таа земја, се пронајдени на автобуската станица во Кент.

Во една група документи се разгледува веројатната руска реакција на премин на британски брод низ украинските води, недалеку од брегот на Крим, пренесува BBC. Во друга група документи се изложени детали од планот за можен воен ангажман на британската војска во Авганистан, бидејќи НАТО, предводен од САД, ги завршува своите операции во таа земја.

Владата соопшти дека е покрената истрага.

Портпарол на Министерството за одбрана рече дека еден вработен пријавил дека изгубил чувствителни документи, додавајќи дека не би било соодветно да коментира понатаму.

Документите, кои содржат околу 50 страници, беа пронајдени во вторникот наутро, како наводенето купче хартија во задниот дел на автобуска станица во Кент. Лице, кое побарало да остане анонимно, ја контактирало BBC, кога ја сфатило чувствителната природа на документите. BBC верува дека документите, кои вклучуваат е-пошта и презентации во PowerPoint, доаѓаат од канцеларијата на висок службеник во Министерството за одбрана.

Документите во врска со разорувачот на британската кралска морнарица покажуваат дека мисијата, која Министерството за одбрана ја опиша како „невин премин низ украинските територијални води“, со оружје кое било покриено и бродски хеликоптер складиран во хангарот, била извршена во очекување дека Русија може агресивно да одговори.

Во средата, повеќе од 20 руски авиони и два брода на крајбрежната стража го опкружија британскиот воен брод, кој пловеше на 19 километри од брегот на Крим.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека патролен брод испукал предупредувачки истрели, а авионот фрлил бомби на патот на разурнувачот, но британската Влада го демантираше ова, наведувајќи дека не биле испукани предупредувачки истрели.

Мисијата, наречена „Оп Дитроите“, била предмет на дискусии на високо ниво во понеделникот навечер, според откриените документи, во кои официјални лица претпоставуваат каква би била реакцијата на Русија доколку британскиот разорувач се приближи до Крим. Споменати се три можни руски одговори – од „безбеден и професионален“ до „ниту безбеден ниту професионален“.

Откриените документи покажаа, според BBC, дека мисијата кај Крим требало да покаже поддршка од британската Влада за Украина, и покрај можните ризици.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе