ДПИ: Казни од 800 до 10.000 евра за кршење на одлуката за цените на тестенините и млечните производи

Инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со одлуките на Владата за намалување на цените на тестенините и млечните производи што од утре веќе и официјално стапуваат во сила, велат од Државниот пазарен инспекторат и посочуваат дека трговците досега требаше да ги усогласат цените според одлуките на Владата.

Инспекторите, најавува ДПИ, ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија.

-Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подготвени да се соочиме и со овој предизвик, истакнува ДПИ.

Оттаму прецизираат дека контролите ќе се вршат над производите кои ги опфаќаат одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023), односно:  тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15 проценти, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда, кравјo бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан), кисело млеко, павлака и јогурт, без додатоци. Највисоките цени на овие млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март годинава, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10 проценти.

Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од економските оператори дејствува спротивно од Одлуките е предвиден во Законот за трговија. Во случај да се утврди прекршување на одлуките, велат од ДПИ, ќе следат казни кои произлегуваат од тој Закон. Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

-Напоменуваме дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту, пак, да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало. Апелираме да се почитуваат одлуките, а исто така ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во Пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие одлуки, за да се помогне во време на економска криза која се уште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба, велат од ДПИ.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Македонија

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе