Можеби повеќе не е фатална русокоса, но затоа е фатална бринета.
Славната актерка Шарлиз Терон се појави на премиерата на филмот „The School for Good and Evil“ во Лос Анџелес. На црвениот килим прошета во необична црна комбинација на Dior, а внимание привлече со драстичната промена на нејзината фризура.
Иако сите ја паметиме како фатална русокоса убавица со кратка коса, Шарлиз овој пат се одлучи да ја изненади јавноста и своите златести прамени да ги замени со темна кафена боја.
Може да се каже дека стилот и бојата на косата одлично се вклопија во нејзиниот избор на облека за овој свечен настан. Актерката остави голем впечаток на присутните.
Нејзиниот нов имиџ може да се каже дека е совршен.