Драстично е зголемен бројот на деца зависници од видеоигри и социјални мрежи

Дури 680.000 деца и млади во Германија се зависници од игри и социјални мрежи. Пандемијата само ја влоши состојбата и денес има двојно повеќе такви малолетници отколку пред светската здравствена криза.

Пол има 19 години, живее во Берлин и заврши средно училиште пред нешто помалку од една година. Тој ги нема најубавите спомени од последните училишни години.

„Поради короната, постојано имаше локдауни. Со недели не одемвме на училиште и моравме да останеме дома“, вели тој.

Дружењето со пријателите, средбите во маало, одењето на забави, спортувањето... Многу од оние работи кои им се важни на младите, а кои се составен дел од нивниот живот, практично долго време беа забранети.

„Единствено што можевме да направиме е да седиме во соба, да играме игри на компјутер или телефон или да се допишуваме на социјалните мрежи“, вели Пол.

Среќен е што тие ограничувања веќе ги нема и не сака да се сеќава на празните часови поминати пред компјутер. Веќе некое време повторно се движи во „вистинскиот“ свет. Но, некои други сè уште се заробени во виртуелниот космос, пренесува Deutsche Welle.

Болест на зависност

Според резултатите од студијата спроведена од Универзитетската клиника во Хамбург и здравственото осигурување DAK, бројот на деца и млади луѓе во Германија кои се зависници од игри и социјални мрежи е двојно зголемен од 2019 година. 680.000 од нив поминуваат речиси пет часа дневно на игри, стримови, објави на социјалните мрежи и виртуелни разговори.

Податоците се „страшни“, вели Андреас Сторм, шеф на управата за осигурување на DAK. „Се надевавме дека барем тој тренд ќе се забави, а со тоа и стапката на зависност, но таа надеж за жал не се оствари.“

Кои се последиците?

Психологот Каи Милер го гледа ова секој ден. Тој е претседател на Професионалното здружение за зависност од медиуми и работи во амбулантата за зависници од гејминг при Универзитетската клиника во Мајнц. Со него контактираат очајни родители кои веќе не знаат што да прават со своите деца кои секоја слободна минута ја поминуваат пред компјутер или телефон.

Младите кои ги занемаруваат училишните и семејните обврски, се спротивставуваат на обидите да се оддалечат од мониторот и на овие обиди реагираат со зголемена доза на гнев и недоразбирање. Понекогаш се затвораат во своите соби, не ги интересира никакви хобија, немаат други интереси. Во екстремни случаи, тие дури забораваат да јадат, а во собата имаат кофи - за да не мора да одат во тоалет.

Губење контрола

Психологот Милер вели дека пандемијата е многу тежок товар за децата и младите. Тие се психолошки почувствителни од возрасните. Играњето игри, гледањето видеа и следењето на социјалните мрежи честопати им било некаков „утеха“, вели тој.

Од почетокот на 2022 година, Светската здравствена организација (СЗО) ја препознава зависноста од компјутерски игри како посебна дијагноза. Кеј Милер открива и кои се трите главни критериуми за поставување дијагноза.

Тоа пред сè е „губење контрола“, односно ситуација во која веќе не може да се донесе свесна и слободна одлука за (не)користење на компјутерот. Број два е приоритизацијата - односно ситуација кога играњето или користењето социјални мрежи повеќе не е дел од животот, туку нешто што доминира во животот.

„Третиот критериум е континуирана употреба, дури и кога засегнатото лице ќе сфати дека тоа доведува до проблеми, односно дека не е добро за него“, објаснува Милер.

Дали повеќе се зависни момчињата или девојчињата?

Момчињата имаат многу поголема веројатност да станат зависни од игри отколку девојчињата, а кога станува збор за социјалните мрежи, тоа подеднакво ги погодува двата пола. Меѓутоа, во клиниката во Мајнц, социјалните мрежи се многу помал проблем со кој се занимаваат. Германското сојузно Министерство за здравство започна програма која има за цел експлицитно да ги објасни проблемите поврзани со прекумерната употреба на социјалните мрежи.

Во секој случај, терапијата против ваквите зависности може поефективно да се спроведе доколку лекарите и психолозите интервенираат што е можно поскоро, односно пред да стане хронична.

Сепак, сè потешко е да се закаже термин за терапија. Во клиниката во Мајнц поминуваат три месеци од телефонското пријавување до првата посета на психолог. Претходно времето на чекање беше само две недели, нагласува Милер и додава дека знае оти се случува пациентите да чекаат на лекување и пола година.

Повеќе превенција, повеќе помош

И Андреас Сторм од DAK вели дека мора да се прошират капацитетите за превенција и помош на погодените.

„Доколку сега не се дејствува брзо, ќе се случи се повеќе деца и млади да завршуваат зависници, односно да не може да се запре овој негативен тренд.

Сторм смета дека за ова е одговорна политиката, но и општеството во целина: „Децата и младите мора да учат и да бидат способни да ги проценат ризиците од користењето дигитални медиуми. Тие мора да бидат способни да го гледаат своето однесување, за да можат да ги користат конструктивно можностите на дигиталниот свет за приватни и деловни потреби.“

Психолозите се на мислење дека и родителите имаат голема одговорност по ова прашање - дека, особено кај помалите деца, мора да бидат поконзистентни за ограничување на употребата на дигитални содржини.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе