Дрисла доби нов стерилизатор за медицински отпад

Скопската депонија Дрисла се поднови со нов стерилизатор со кој правилно ќе се третира опасниот медински отпад.

„Набавивме нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се става крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето“, соопштија од ЈП депонија Дрисла - Скопје.

Новиот стерилизатор е со капацитет од 2.000 литри и може за еден час да третира 350 кг отпад што ќе ги задоволува дневните потреби на депонијата. Системот за третман на медицински отпад е опремен со шредер кој го намалува до 80% неговиот волумен, со сува вакуум пумпа што ќе придонесе за заштеда на потрошувачката на вода и до 98%, како и систем за заштеда на енергија кој истовремено обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината.

Градоначалникот Шилегов на прес-конференцијата за враќањето на Дрисла на Град Скопје на почетокот од годинава најави дека Дрисла после долго време на некомпетентност и негрижа во работењето, денес ова јавно претпријатие полека, но сигурно станува санитарна депонија која применува современи технологии за управување со отпадот со целокупниот нејзин економски потенцијал ставен исклучиво во служба на граѓаните.

Фото: Град Скопје

реклама

Македонија

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Read more

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Read more
 

Вести

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Читај повеќе

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Читај повеќе

Палевски спроведен во Кривичниот суд: Негира вина

Читај повеќе

Мајска сесија – Дојди да се преслушаме: На УКИМ голем концерт по повод Денот на Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Читај повеќе

Врани напаѓаат луѓе во Србија

Читај повеќе

Санкциите против Русија најмногу се заобиколуваат преку Кина, ОАЕ и Турција

Читај повеќе

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, над 30 повредени

Читај повеќе

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Читај повеќе