Дрскост, безобразие и ароганција - обвинува ИНТЕГРА по рушењето на терасата на ресторанот „Аманет“

Откако денеска инспекциски служби на Град Скопје почнаа со уривање на надворешната тераса од ресторанот „Аманет“, со соопштение се јави сопственикот и лидер на вонпарламентарната партија ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски.

„Утрово, понеделник 14.12.2020, инспекциските служби на Општина Центар пристапија кон демонтажа/рушење на законски изградена тераса на Ресторанот 'Аманет'. И покрај сите наши укажувања, приговори и жалби до владини комисии, на законитоста на изградената тераса, со заверен проект од Град Скопје, Решение за плаќање на такси, уплатени такси, и добиени две Одобренија од Град Скопје за поставување на урбана опрема и за вршење на дејност (во прилог е копија од целата документација - подолу), службите на Град Скопје, по налог лично од градоначалникот Шилегов, ја демонтираат/рушат законски изградената тераса на 'Аманет'“, стои во соопштението на Интегра.

„Ваквиот чин на брутална злоупотреба на овластувањето од позиции на власт, претставува чист пример на политички притисок врз лидерот на опозициската ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија, чин на политички рекет и политичка корупција од највисок вид“.

Партијата обвинува и дека чинот е политички мотивиран, а прикажа и документи кои според нив докажуваат дека терасата на објектот е изградена запазувајќи ги сите правила и прописи.

„Шилегов се дрзна да упати порака до Ристовски дека премногу ги критикувал СДС* и дека тој најдобро знаел зошто му се руши терасата. Со вакво дрско и безобразно своеволие на Шилегов и на СДС*, Владата испраќа порака до сите идни инвеститори дека ниту еден официјално заверен проект, издадени решенија и одобренија од официјални органи на локална управа или Владата, нема никакво релевантно значење и зависат целосно од волјата на властите“.

„За ваквиот чин на злосторство против приватната сопственост и слободата на политичко делување на опозициски политички субјект, Градот Скопје и Шилегов лично ќе добијат тужба, покрај кривична пријава за вршење политички притисок и закани од позиција на носители на локална власт. Нагласуваме дека СДС* и Зоран Заев, и особено Шилегов, во ништо не се поразлични од режимското владеење на Груевски, чии што експоненти денес се во затвор и кривично осудени за слични постапки на незаконито рушење за вакви или слични објекти“.

Фото: ИНТЕГРА

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе