Државна видеолотарија донира над 11 милиони денари за јавното здравство како поддршка за справување со COVID-19

Државна видеолотарија донира 11.107.000 денари за јавното здравство со цел да придонесе во напорите за справување со COVID-19.

Десет милиони денари од оваа сума се наменети за Министерството за здравство. Дополнително, 615.000 денари во медицинска опрема и материјали за заштита се определени за децата што боледуваат од малигни заболувања. Донација од 492.000 денари ќе добие и Јавната здравствена установа Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Скопје.

Донација од десет милиони денари за Министерството за здравство

Нашата земја е исправена пред силен предизвик кој напаѓа на глобално ниво. Од овие причини, брзото реагирање во оваа глобална здравствена криза е многу важно. Во вакви услови неопходна е солидарноста. Државна видеолотарија одлучи да биде дел од заедничката координирана акција која се презема за итно справување со здравствените предизвици, предизвикани од вирусот COVID-19.

Нашата компанија донира десет милиони денари кон Министерството за здравство, со цел да придонесе за ефикасност на јавниот здравствен систем во напорите при справување со COVID-19.

Ние препознаваме дека сме дел од ова општество, поради што постојано настојуваме да му помагаме. Ова не е единствената активност која ја презедовме. Дополнително, тимот на Државна видеолотарија обезбеди уште две донации.

Донација од десет илјади евра во медицинска опрема и материјали за заштита на децата кои боледуваат од малигни заболувања

Со донација од 10 илјади евра ќе помогнеме итно да се набави медицинска опрема и материјали за заштита на децата кои боледуваат од малигни заболувања. Тие во ситуација на глобална пандемија од COVID-19 се изложени на голем ризик. Затоа и одлучивме да реагираме брзо, со цел итно да се изврши набавка на дополнителна заштитна опрема за нив и за нивните родители, но и за медицинскиот персонал кој се грижи за овие дечиња.

Државна видеолотарија со донација во вредност од 492.000,00 денари за ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Скопје

Нашата компанија обезбеди и донација од 492.000 денари за ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Скопје. Средствата од оваа донација ќе бидат употребени за набавка на пет пулсоксиметри-медицински уреди за новороденчиња.

Солидарни и кон нашите сограѓани и вработени

Знаеме дека и во овие услови има луѓе кои мора да одат на работа, поради што користат јавен превоз. Со цел да придонесеме кон нивна заштита, обезбедивме и средства за дезинфицирање во сите автобуси кои сообраќаат на активните автобуски линии на ЈСП Скопје, како и заштитни маски за возачите.

Државна видеолотарија како одговорна компанија презеде и низа активности и неопходни протоколи со цел да ги заштити и своите вработени од изложеност на Covid-19.

*Промотивен текст.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе