ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

ДУИ бара ТВ дебата на Зибери со Заев и Мицкоски

Граѓаните имаат право да ги видат тројцата кандидати за премиер на ТВ дебата, па затоа ја повикуваме Агенцијата за медиуми да обезбеди демократски и еднакви стандарди, порача денеска портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, апелирајќи за рамноправното покривање на медиумите на сите партии и за „еднаков третман на сите кандидати за премиер“.

– Првпат во историјата, на граѓаните на Северна Македонија им е овозможено да изберат повеќе од две опции за нивни премиер. Првпат за оваа позиција се натпреваруваат не само двајцата кандидати од двете македонски партии кои ја бараат оваа позиција, туку и непартиски и независен кандидат Албанец, изјави Османи.

Тој нагласи дека „првиот премиер Албанец“ не само што ќе биде премиер на Албанците во земјава, туку и на сите граѓани на Република Северна Македонија.

– Ова е најсилниот симбол за она што го нарекуваме еднаква држава. Тоа е сигнал и за ЕУ дека нашата земја е подготвена да се приклучи на европското семејство, затоа што ги надминавме национализмот и етничките поделби, истакна Османи.

Според него, „независниот и непартиски премиер“ не претставува само понуда за албанскиот електорат, туку и за сите граѓани на земјава, кои се незадоволни од „политичкиот дуопол, што ја држеше земјата заглавена во политичката војна долги години“.

– Понудата за граѓаните со нова можност, трета опција, е несомнено важен чекор во напредокот и развојот на демократијата, поради што ги повикуваме Мицкоски и Заев да излезат на јавна дебата, каде ќе можат сите тројца кандидати да ги претстават и да ги соочат нивните идеи за иднината на нашата земја, потенцираше Османи.

На крајот тој побара од медиумите, со, како што рече, целосна почит кон нивната демократска одговорност и јавен интерес, да обезбедат еднаквост во дебатите, и да ѝ понудат на својата публика фер соочување меѓу тројцата кандидати за премиер, нагласувајќи дека очекува интересни дебати „меѓу двајцата македонски кандидати Заев и Мицкоски и првиот кандидат Албанец за премиер, Насер Зибери“.

Тагови
реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе