СЕРИЈА А 2022/2023

Два проблема кои Пиоли мора да ги реши за да остане во игра за Скудетото

Милан ја заврши низата без пораз која траеше 22 натпревара откако синоќа загуби дома од Наполи. La Gazzetta dello Sport издвојува два проблема кои стратегот Стефано Пиоло мора да ги реши доколку сака да конкурира за освојување на титулата во Серија А.

„Росонерите“ синоќа го претрпеа првиот пораз сезонава на „Џузепе Меаца“. Наполи победи со 2:1 благодарение на головите на Матео Политано од пенал и на Џовани Симеоне, додека Оливје Жиру погоди зза Милан кога израмни на 1:1.

Рафаел Леау беше суспендиран, па новинарот Стефано Канталупи од весникот со розеви страници потенцира дека дефанзивците на Наполи имале помирна ноќ отколклу што би имале доколку Португалецот беше на терен.

Стефано Пиоло изјави дека неговите избраници не можат да бидат задоволни иако одиграа добар натпревар, бидејќи не успеаја да избегнат пораз од директен конкурент за Скудетото.

Gazzetta го анализираше синоќешниот пораз на Милан и издвои два проблема кои тренерот на „Росонерите“ ќе мора да ги реши за да го врати тимот на победничка патека.

Актуелниот шампион на Серија А сезонава е многу ранлив во дефанзивната линија. Прими дури 7 гола на последните 5 натревари во сите натпреварувања, примајќи голови од Интер, Наполи, Сампдорија, Салцбург и Динамо.

Минатата саезона одбраната на Милан беше најдобра во Серија А, заедно со онаа на Наполи, со 31 примен гол и само 9 во пролетниот дел, што ги направи одбрана со најмалку примени голови во Европа за 2022 година.

Ќе биде круцијално за „Росонерите“ да ја повратат таа солидност и единство во последната линија за да можат да конкурираат за одбрана на Скудетото.

Пиоли работи и на новите засилувања кои допрва ќе треба да остават свој белег. Нивното најскапо засилување, Шарл Де Кетеларе, сѐ уште нема постигнато гол сезонава во Серија А. Како и да е, Пиоли во неделата рече дека белгискиот интернационалец се покажал во „најдобро издание“ досега за Милан, и тоа токму против Наполи.

Сержињо Дест избори пенал синоќа, додека Јасин Адли ги одигра последните 15 минути. Gazzetta го опишува Французинот како „мистериозен објект“ кој беше изоставен од списокот за Лигата на шампиони и е трет избор на позицијата офанзивен играч од средниот ред.

Првиот натпревар за Милан по репрезентативната пауза е на гости кај Емполи в недела на 1 октомври.

URL
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе