Двајца загинати во ескплозија на границата меѓу Канада и САД: Одеднаш летна во воздух, беше како огнена топка

Макфакс
/ 23.11.2023 / 08:05

Во експлозијата на мостот „Виножито“ кај Нијагара, во возилото имало двајца патници кои загинале, јавува CNN. Канадските и американските власти сѐ уште ја истражуваат причината за експлозијата.

Канадските власти одржаа прес-конференција, Доминик ЛеБлан, канадскиот министер за јавна безбедност рече:

„Ова е извор на загриженост за владата на Канада и за Соединетите Американски Држави, затоа ја сфаќаме оваа околност многу сериозно, но да се шпекулира за потеклото на оваа конкретна околност, кога немаме веродостојни проверени информации не е одговорно“ рече тој.

Во меѓувреме, канцеларијата на градоначалникот на Нијагарините водопади, Њујорк, Роберт Рестајн, објави соопштение во кое се вели: „Имаше инцидент со возило кое влезе во Соединетите Американски Држави. Федералните власти моментално ја истражуваат ситуацијата“.

URL

Белата куќа е информирана и внимателно ја следи ситуацијата, јавува CNN. Канадскиот премиер Џастин Трудо исто така е информиран и го следи развојот на ситуацијата, додава CNN.

Повеќе извори за спроведување на законот рекоа дека непосредно пред пладне по локално време, автомобил кој доаѓал од канадската страна на границата со САД експлодирал откако се упатил кон област за секундарна потрага. Автомобилот бил на мостот Канада-Њујорк и поминал низ првичниот контролен пункт каде се проверуваат документите за идентификација пред да се случи експлозијата.

Надлежните не знаат што ја предизвикало експлозијата. ФБИ, Њујоршката полиција, Царината и граничната заштита на САД се на терен и вршат увид.

Федералните власти се обидуваат да го погледнат видеото од неколку различни агли бидејќи изјавите на сведоците се разликуваат, велат изворите.

Опишувајќи го движењето на возилото вклучено во експлозијата, сведок рече:

„Со жена ми се шетавме по главната улица овде и доаѓаше автомобил кој возеше со над 160 км/ч на час. Едвај го гледавме, одеше толку брзо. Пред него имаше автомобил, го заобиколи и потоа изгледаше како да удри во оградата и почна овој пожар. А потоа наеднаш, автомобилот се крена во воздух и потоа изгледаше како огнена топка“, изјавил сведокот.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе