Две години од првиот регистриран случај со COVID-19 во земјава

Минаа две години откако во земјава беше регистриран првиот случај на COVID-19. Денес, вкупниот број на Ковид-дијагностицирани во земјава е 296.229 лица. Битката со вирусот ја изгубија 8.981, а бројот на активни случаи изнесува 4.644.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 517 нови случаи од направени 2.669 тестови. Починати се девет лица, а оздравени се 1.022 пациенти.

Од новозаболните, 261 се во Скопје, 31 во Битола, 24 во Кавадарци, а по 22 има во Прилеп и Велес. Во Куманово се регистрирани 18 нови случаи, во Тетово – 16, Кичево – 14, Гостивар и Штип – по 13, Охрид – 12, Крива Паланка – 11, Струмица – 10, Струга и Неготино – по 8, Кочани, Гевгелија, Свети Николе и Ресен – по 5, Дебар и Демир Хисар – по 4, Радовиш, Делчево, Валандово, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.

Општина Дојран прва испиша нула во графата на заразени лица од 35-те општини за кои во земјава се води дневна евиденција за корона статусот, со што Дојран моментално е единствената општина во која нема веќе активни пациенти на корона вирусот во актуелниот бран, во кој доминантен е омикрон сојот.

Според последниот извештај од ИЈЗ, досега во општина Дојран, според евиденцијата во време на пандемијата, активни на корона вирусот биле вкупно 256 лица, од кои 248 оздравеле, а осум починале како резултат на коморбидитети и компликации кои настанале од вирусот.

Продолжува и трендот на повеќе оздравени отколку заразени од COVID-19, а со тоа опаѓа и бројот на активни случаи. Надлежните очекуваат во наредниот период да се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата.

Во меѓувреме, во тек е скринингот за имунитетот на граѓаните во Скопје и во другите градови, а продолжува и скринингот во училиштата.

Според информациите од Министерството за здравство до крајот на неделава се очекуваат првични податоци за серопреваленца во Скопје, а од следната недела и за другите градови од државата.

Од Министерството за здравство соопштуваат дека дополнително, по обработка на податоците, јавноста навремено ќе биде информирана за наодите, како и за останатите аспекти од текот на скринингот.

Деновиве, исто така се очекува Генералниот координативен кризен штаб и Владата да се произнесат за двете мерки предложени од Комисијата за заразни болести.

Мерките се однесуваат за укинување на ПЦР тестовите, потврдата за прележаност или потврдата за вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени.

Во врска со првата мерка која се однесува на укинувањето на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата, портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ информираше оти тоа не значи дека во земјите каде се бара ПЦР тест или КОВИД-сертификат, нема да се бараат, туку дека мерката се укинува при излез од земјава на нашите гранични премини.

Во однос на укинувањето на ослободувањето од работа за бремените жени, Мехмедовиќ појасни дека предлог е оваа мерка да се укине согласно препораките од релевантна институција и од примерите од светот во кои се препорачува жените кои планираат бременост или се бремени да се вакцинираат и на тој начин да го заштитат своето здравје.

Министерот за здравство Беким Сали најавува дека од следната недела и преку матичните лекари ќе се испраќаат покани до ризичните групи на граѓани со цел тие да се вакцинираат.

– Моментално како најризична група ги гледаме граѓаните над 70 години, како и оние под 70 години со коморбилитети. Затоа од следната недела преку матичните лекари ќе испраќаме покани за вакцинација на оние граѓани кои се во потенцијален ризик, изјави вчера Сали за централниот дневник на телевизија „Сител“.

Се надева дека овие покани ќе резултираат со голем одѕив за вакцинација против COVID-19.

-Како Министерство уште од самиот почеток водиме полиберална форма на политика против ковид кризата, затоа што сметаме дека секој поединец има право да одлучи дали ќе се вакцинира или не. Иако сметаме дека во некои околности би требало да инсистираме на вакцинација. Не велам тоа да биде рестриктивно, задолжително, меѓутоа треба да инсистираме, рече Сали, додавајќи дека засега вакцинацијата е единствениот начин на заштита и дека штити од потешка форма на болеста.

Во однос на рестриктивните мерки, рече дека засега остануваат сертификатите како задолжителна обврска во моловите и угостителските објекти затоа што процентот на имунизација во земјава е се уште низок за да може да се размислува за вакви олеснувања.

Во светот во изминативе седум дена се забележува опаѓање на бројот на заразени од COVID-19. Глобално за 16 проценти е помал бројот на заразени, а за осум отсто е намален бројот на починати. Во Европа, пак, во последната седмица се регистрирани за 21 процент помалку нови ковид-случаи, а за шест отсто помалку починати.

Од почетокот на пандемијата од COVID-19 во светот вкупно се заразени 431 милион лица, а починале речиси шест милиони. 

реклама

Македонија

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Read more

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Read more

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Read more

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Read more
 

Вести

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе