Две години верувале дека имаат куче, а потоа почнало да оди на две нозе

Кучињата дефинитивно се едни од најприврзаните животни на планетава, од мали како мачиња до кучиња што би можеле да им конкурираат на волците. Но, никој досега не видел вакво куче.

Имено, едно семејство две години одгледувало мастиф, за во 2018 година да доживеат шок кога откриле дека нивното куче-чудовиште воопшто не е куче.

Првиот знак дека со тибетскиот мастиф не е сè како што треба бела неговата тежина. Иако овие големи кучиња можат да достигнат тежина до 70 килограми, ова „куче“ на крајот надминало неверојатни 100 килограми. Друг проблем се јавил кога почнало да оди на задните нозе.

Семејното милениче првпат влегло во нивните животи во 2016 година кога жената по име Су Јун го донела животното во нејзиното село во кинеската провинција Јунан. Како што пренесува Independent, „кучето“ имало неверојатен апетит и дневно јадело „кутија овошје и две кофи нудли“.

Сѐ повеќе личело на мечка

Потоа, како што одминувало времето, сопственичката на миленичето почнала да се прашува дали воопшто се работи за тибетски мастиф бидејќи почнало сѐ повеќе да личи на мечка. „Колку повеќе растеше, толку повеќе личеше на мечка“, изјави таа за China News. „Малку се плашам од мечки.

Мастифот навистина наликува на мечка

Жената на крајот ги повикала властите и тие потврдиле дека нејзините сомнежи се точни. Не одгледала тибетски мастиф, туку азиска црна мечка. Во Кина, овие животни наводно се продаваат за огромни суми пари на црниот пазар, каде што се користат во традиционалната азиска медицина и храна. Хемикалијата која се наоѓа во жолчката од мечката, на пример, урсодеоксихолната киселина, се користи за лекување на заболувања на црниот дроб и жолчни камења.

Сепак, за среќа на оваа мечка, тој беше посвоен од Центарот за спасување на дивиот свет во Јунан. Но, и покрај тоа што толку долго било семејно милениче, персоналот очигледно бил толку исплашен од тоа што би можело да направи животното, што му дале седативи за смирување пред да го пренесат. Сепак, се чини дека овој потег минал без проблеми и мечката сега го живее својот најдобар живот.

Remote video URL

Су Јун не е единствената личност во Кина што ја направила оваа грешка. Во март 2018 година, друг маж од истата провинција наводно го направил истото, откако пронашол мечка во шумата и претпоставил дека е куче скитник и ја зел дома.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе