Завчера во 13 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода Е.К.(36) од Скопје, затоа што на 22.04.2023 во домот физички ја нападнал неговата 24-годишна сопруга.
„По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од МВР.
Истиот ден во 22:15 часот во СВР Скопје, 35-годишна скопјанка пријавила дека во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер О.М.(34).
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.