Славниот актер Двејн Џонсон закрепна од коронавирусот и веднаш им се посвети на филмските обврски. Актерот веќе работи на новиот филм на Netflix, „Red Notice“.
„Снимањето почна на 14 септември“, изјави извршниот директор на филмот Хирам Гарсија.
Тој објасни дека половина од филмот е завршен пред да избие пандемијата, по што снимањето беше прекинато. Филмот треба да биде завршен во ноември.
Постојат здравствени протоколи кои мора да се почитуваат за да се осигурат дека актерската екипа е сигурна.
„Целиот пристап е поинаков и единствен, од секојдневно тестирање до проверување на телесната температура. Имаме различни ограничувања на сетовите“, појасни извршниот директор.
Тој дадава дека никој не паничел кога се дознало дека Двејн е болен.
„На сите им беше најважно тој и неговото семејство да бидат добри, а кога дознавме дека се чувствуваат добро знаевме дека останатото лесно ќе го решиме“, вели Гарсија.
Покрај Џонсон ќе се појават актерите Гал Гадот, Рајан Рејнолдс, Риту Ајра и други.