ДЗР го објави конечниот ревизорски извештај за МРТ

Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Јавно радиодифузно претпријатие „Македонска Радиотелевизија Скопје“.

Во извештајот, ДЗР наведува неколку клучни утврдени состојби: не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; непрецизни одредби во актот за систематизација за дел од барањата и описот на работните задачи и неусогласени акти за пресметка на плата со важечките законски одредби; не е воспоставена единица за внатрешна ревизија; нецелосно спроведен попис на средствата и обврските; невоспоставено следење на преземените мерки за наплата на побарувањата постари од пет години и неправилности во планирањето, доделувањето на договорите за јавни набавки и нивната реализација.

Во издадено мислење стои дека е „мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“.

Клучни препораки на ДЗР се: донесување на стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; – прецизирање на барањата и прилагодување на описот на задачите во актот за систематизација со надлежностите и активностите кои се вршат, како и усогласување на актите за пресметка на плата со законските прописи; воспоставување на внатрешна ревизија; спроведување целосен попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба; ажурирање на евиденција за следење на побарувањата и навремено преземање правни дејствија за ненаплатените побарувања од комитентите и подобрување на планирањето, начинот на спроведување на постапките за јавни набавки, како и потребата од прецизни одредби во договорите за начинот на реализација на набавката и плаќањето.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе