Единбург - град преполн историја и инспирација за Хари Потер

Зад секое ќоше се крие различно искуство кое ве мами да ја откриете илјадагодишната историја и традиција на престолнината на земјата чие национално животно е еднорогот. Воедно ако сте ги гледале филмовите од франшизата „Harry Potter“, калдрмите на овој град послужиле како инспирација за некои места од сцените за снимање.

Единбуршки дворец

Многумина го сметат Единбург за еден од најубавите градови во Европа. Сместен на карпести брда и стени од кои се добива поглед кон морето, делува како да се претопил со околниот пејсаж. Почнувајќи од живописните средновековни станбени згради во Стариот град кои се располани долж Кралските милји, до градбите нанижани помеѓу Касл рок и црвеникавите палисади на Солсбери Крег, сѐ до неокласичниот Нов град -  Единбург нуди сцени кои се менуваат зад секој агол.

Шкотските просветители од XVIII век на Единбург му го дале прекарот Северна Атина, бидејќи сметале дека претставува возвишен пример за култура и уметност. Изгледа дека не погрешиле бидејќи поради нивното значење денеска неговиот Стар и Нов град се наоѓаат на листата на светско наследство на УНЕСКО. Главна одлика на Стариот град се калдрмисаните улкици со повеќевековна историја, меѓу кои се издвојува катедралата Свети Еразмо од XII век со своите раскошни витражи и значењето кое го има за шкотското презвитеријанство. Кога ќе се најдете пред неа со сигурност ќе знаете дека се наоѓате на средина од Кралските милји, самиот дел на најважните улици во овој дел од градот. На нејзиниот почеток и крај се наоѓаат Единбуршкиот дворец и палатата Холируд.

Холируд

Од друга страна, Новиот град се одликува со џорџијанскиот план на улици кој бил популарен за време на владеењето на четворицата кралеви на Велика Британија кои го носеле истото име - Џорџ, а кои владееле од 1714 до 1830 година. Главна одлика на овие зданија се тулите и камењата, а боите црвена, кафена и бела. Интересен податок е тоа што во Единбург постојат околу 4.500 згради кои се наоѓаат под заштита на државата како историски споменици, број кои не успева да го надмине ниту Лондон.

Познавачите на приликите во Единбург тврдат дека иако во него постојат бројни ресторани и пабови, секој кој не пробал некое од традиционалните шкотски јадења прави голема грешка.

Во овој град за главен специјалитет се смета пудинг од овчи внатрешни органи (срце, црн дроб и бели дробови) или како што локалните жители го нарекуваат - haggis. Немојте името да ве лаже бидејќи не се работи за сладок десерт, туку повеќе е како месен нарезок, а најпопуларни се белиот, црвениот и црниот пудинг.

И за крај, сите љубители на филмовите за Хари Потер не смеат да пропуштат да ја прошетаат Викторијанската улица, која послужила како инспирација за познатата Дајагон али.

Remote video URL
Викторијанската улица
Карлтон хил
Кралски милји
реклама

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе