Една година од историскиот лет на Ingenuity на Марс

Пред точно една година на Црвената планета за првпат полета хеликоптерот Ingenuity кој на Марс го испрати американската вселенска агенција НАСА.

Ова беше прв случај на полетување на вселенско летало од Земјата во друг свет. Историскиот лет се случи откако хеликоптерот стигна на површината на Марс кај кратерот Језеро, носен од роверот Perseverance, на 18 февруари 2021 година, а два месеци подоцна Ingenuity за првпат полета.

Тоа беше лет на висина од три метри, а траеше 39 секунди. Сепак, ова докажува дека е можно да се истражува Марс од „воздух“ иако атмосферата на Црвената планета има само 1 процент густина во споредба со атмосферата на Земјата на ниво на морето.

Remote video URL

Ingenuity со леснотија ги извршуваше своите задачи и продолжи да лета, а една година подоцна има 25 летови зад себе и нема намера да застане тука.

Тимот задолжен за мисијата оди до границите на хеликоптерот, а за време на 25-тиот лет на 8 април, Ingenuity прелета 704 метри и достигна брзина од 19,8 km/h, што е негов рекорд.

URL

Хеликоптерот на НАСА сега спроведува извидување за да му помогне на тимот да планира безбедна рута за роверот Perseverance и да ги идентификува потенцијалните научни цели.

Издржливоста на Ingenuity е резултат на работата на експерти и креативци, а според НАСА, леталото сè уште е во добра состојба па ќе продолжи да лета. Новата задача е да му помогне на роверот да ја истражи делтата на реката што некогаш постоела во кратерот Jeзеро. Исто така, работата на Ingenuity ја поставува основата за уште поголеми мисии на Марс.

Лабораторијата на НАСА за млазен погон веќе прави планови за поголеми и понапредни наследници кои ќе можат сами да го истражуваат Марс. Во моментов, целата комуникација со Ingenuity се врши преку роверот Perseverance.

Научниците се надеваат дека идниот хеликоптер ќе може да лета неколку километри одеднаш и дека ќе може да ги носи своите научни инструменти.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе