Едноставни вафли со лимон

Направете меки и миризливи вафли со овој едноставен рецепт.

Меките и миризливи вафли се секогаш одличен начин да го започнете денот или да се почестите, без разлика кое време од денот е. Лесно се прават според овој едноставен рецепт и имаат совршена арома на лимон. Одлични се за преливање со мед или чоколаден сируп, а одлично одат со топка од вашиот омилен сладолед.

Толку се вкусни што можеби нема ни да стигнете да ги украсите, бидејќи вашите домашни сигурно ќе ги разграбаат додека сѐ уште се топли.

Потребни состојки:
  • 180 гр брашно
  • 100 мл млеко
  • 200 мл кисела павлака
  • 2 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 1 лажица прашок за пециво
  • 30 гр путер
  • 2 лимона
  • прстофат сол
Подготовка:

Измешајте го брашното со прашокот за пециво, посолете и додајте  изрендана кора од два лимона. Јајцата се матат со шеќер за да станат со пена, па се додаваат путерот, павлаката, млекото и сок од еден лимон. Сувите состојки додадете ги во јајцата, па сè убаво измешајте со рака. Намачкајте ја машината за вафли со малку масло, добро загрејте ја, па извадете малку тесто и испечете ги вафлите. Дозирајте ја количината на тесто врз основа на големината на уредот. Печете ги вафлите додека не поруменат убаво, околу 3 до 5 минути. Прелијте ги со сируп по вкус и послужете.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Рецепти

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе