ЕК: Одговорите на AstraZeneca не се задоволителни

Европската комисија соопшти дека најавата за значително намалување на снабдувањето со вакцини на AstraZeneca на пазарот на ЕУ е „неприфатлива“ и бара од компанијата да одговори колку дози се произведени досега и на кого се доставени.

Европската комесарка за здравство Стела Кирјакидес изјави дека одговорите на AstraZeneca на поставените прашања „досега не биле задоволителни“, и оти „вечерва повторно“ ќе разговараат со претставниците на компанијата.

– ЕУ сака порачаните и веќе платени вакцини да бидат доставени во најкус можен рок, а договорот да се почитува целосно, истакна Кирјакидес.

Таа додаде дека ЕК денеска предложи механизам за транспарентност на извозот на вакцини.

– Европската Унија го поддржа забрзаниот развој и производство на неколку вакцини против COVID-19 со 2,7 милијарди евра. Ние сакаме јасност на трансакциите и целосна транспарентност на извозот на вакцини од ЕУ, рече Кирјакидес.

ЕК најави дека отсега сите компании кои произведуваат вакцини против COVID-19 во ЕУ ќе треба однапред да ја известат ЕУ доколку сакаат да доставуваат вакцини во трети земји.

– ЕУ ќе стори сè што може за да ги заштити своите граѓани и нивните права, подвлече Кирјакидес.

Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе