ЕК прифати граѓанска иницијатива за заштита од 5G мрежата

Европската комисија ја регистрираше граѓанската иницијатива за подобра заштита против можни штетни последици од 5G мрежата во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Иницијативата наречена „Стоп за 5G, останете конектирани, но заштитени“ доби зелено светло од Европската комисија откако беше оценето дека ги исполнува сите критериуми, иако тоа не значи дека Комисијата се согласува со содржината на барањата на граѓанската иницијатива.

Петицијата поднесена од групи граѓани во ЕУ бара од Европската комисија подобра проценка и законодавство против можни штетни радијации кои би произлегле од инфраструктурата потребна за 5G мрежата врз луѓето и врз животната средина. Граѓаните бараат и посилна заштита против кибер криминалот и можноста за крадење на личните податоци на интернет корисниците преку оваа мрежа.

Европската Комисија не се произнесе за содржината на петицијата и допрва ќе ја анализира.

Со прифаќањето на оваа иницијатива организаторите сега имаат една година да соберат еден милион потписи од најмалку седум земји членки на ЕУ за Европската Комисија да реагира и детално да ги анализира барањата.

Доколку се соберат потребните потписи, Европската комисија може да одбие да делува по барањата на граѓаните, но тие имаат право да побараат од Комисијата да ја аргументира својата одлука.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе