Еклстоун: Би примил куршум за Путин

Поранешниот шеф на Формила 1, Берни Еклстоун, застана во одбрана на Владимир Путин, а го нападна Володимир Зеленски.

Поранешниот шеф на на најпопуларниот тркачки циркус изрази поддршка за Владимир Путин, нарекувајќи го рускиот лидер „личност од прва класа“, додека го критикуваше украинскиот лидер Володимир Зеленски дека не направил повеќе за да го спречи конфликтот во неговата земја.

Еклстоун, кој раководеше со Формула 1 40 години пред да ја напушти функцијата главен извршен директор во 2017, зборуваше за неговото континуирано восхитување на Путин во гостувањето во емисијата „Good Morning Britain’ show“ на ITV утринава.

На прашањето од водителите дали тој сè уште стои на страната на рускиот лидер - човек што често го опишува како пријател - Еклстоун одговори: „Сѐ уште би примил куршум за него“.

„Подобро да не ме боли, но и да боли, сепак би примил куршум. Затоа што тој е човек од прва класа. И она што тој го прави е нешто за кое веруваше дека е вистинската работа за Русија“.

Еклстоун сепак сугерираше дека конфликтот во Украина е „грешка“ и дека „мора да се направиш најдобро што може за да излезе од него“.

91-годишниот британски бизнисмен продолжи обвинувајќи го украинскиот претседател Зеленски што не сторил повеќе за да го спречи конфликтот, сугерирајќи дека повеќе му личи неговата поранешна улога на актер и комичар.

„Другата личност во Украина, неговата професија, јас разбирам, порано беше комичар и мислам дека сака да ја продолжи таа професија, затоа што мислам дека ако размислуваше за работите дефинитивно ќе вложеше доволно голем напор да зборува со г-дин Путин, кој е разумен човек и би го слушал и веројатно би можел да направи нешто во врска со тоа“, рече Еклстоун.

Remote video URL

Неподготвени да ги прифатат ставовите на Еклстоун, водителите на ITV го притиснаа поранешниот шеф на Ф1 прашувајќи го за „смртта на илјадници невини Украинци и руски војници“.

„Сигурно не можете да го оправдате тоа?“, праша водителот Бен Шепард.

„Тоа не беше намерно. Погледнете ги сите времиња кога Америка отиде во различни земји кои немаат никаква врска со Америка“, одговори Еклстоун.

„Всушност, во Америка тоа е нивна работа, сакаат војни затоа што продаваат многу вооружување“.

Презентерката Кејт Гаравеј потоа го праша Еклстоун дали е категоричен дека Зеленски требало да стори повеќе за да го избегне конфликтот, на што тој одговори: „Апсолутно“.

„Сосема сум сигурен дека Украина, доколку сакаше правилно да излезе од неа, можеше да го стори тоа“, пркосно рече поранешниот шеф на Ф1, а истовремено сугерираше дека и Путин сака излез од војната.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе