Еколошка акција за почисто Дебарско Езеро

Стотици вреќи пластичен и друг отпад беа собрани од брегот и извадени од водите на Дебарско Езеро во рамки на денешната голема еколошка акција, долж градската плажа.

Акцијата, беше организирана од граѓански асоцијации, а поддржана од неколку компании, како и локалната власт на Дебар, а активно беше вклучено и Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Во акцијата активно се вклучија голем број дебрани, главно млади, а заедно со нив беше и градоначалникот Хекуран Дука и претседателот на советот Башким Машкули.

„Ова е еден од најубавите делови на градот, покрај другите убавини и културно историски знаменитости со кои располага нашиот крај. Тука во летниот период се релаксираат голем број наши граѓани, туристи, гости, како и иселениците и нивните деца, кои традиционално во лето доаѓаат во родниот крај. Оваа убавина мора да ја заштитиме и сочуваме“, порача градоначалникот Дука.

Општината, како што информраше Дука, обезбедила гориво за потребната механизација, пластични вреќи, алуминиумска мрежа и јаже за излекување на отпадот од езерската вода, а на располагање е ставен и камион и неколку вработени од општината.

Грижата за ова езеро секако е на трите општини, Дебар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, бидејќи отпадот во езерото доаѓа преку Радика, Црн Дрим и помалите реки и потоци кои се влеваат во него од делот кај Центар Жупа.

Пред повеќе години, еколошки здруженија од трите општини, покренаа иницијатива кај Косоврашки Мост, каде што Радика се влева во езерото или кај Мелнички Мост да се стави челична мрежа, која би спречила отпадот да се слева во езерото, но се остана само како замисла.

На брегот на Дебарско Езеро, од Мелнички Мост до месноста „Три чешми“, посебно на градската плажа во летниот период дневно има со стотици капачи и спортски риболовци, а за време на викендите и по повеќе од две илјади. За зголемената посетеност влијаат и уредните плажи пред повеќето угостителски објекти.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Македонија

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more
 

Вести

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе