Експериментот на YouTube се покажа неуспешен  - 4K резолуцијата пак е бесплатна

Корисниците не реагираа добро на барањето Premium претплата за гледање видеа во 4K резолуција.

Веста дека YouTube сака да наплати за гледање видеа во 4K резолуција го погоди интернетот како бомба, односно дека со овој потег сака да бара од корисниците да ја користат претплатата на YouTube Premium. Сепак, според официјалните информации, овој „експеримент“ и официјално е завршен.

На почетокот на месецот, корисниците на Reddit масовно се жалеа дека YouTube не им дозволува да гледаат клипови во 4K резолуција, споделувајќи скриншотови како доказ. Според она што можевме да го видиме, а што подоцна го потврди и самиот YouTube, компанијата тестираше 4K резолуција како поволност која е достапна само за корисниците кои плаќаат за претплата на YouTube Premium.

Никој не беше изненаден што одговорот на корисниците беше жесток, особено ако се земе предвид дека YouTube нуди бесплатно гледање 4K видео повеќе од 10 години, па дури и нуди можност за гледање поддржани клипови во 8K резолуција. Сепак, како што тврди официјалниот Twitter профил на платформата, овој експеримент сега е завршен, што значи дека корисниците кои беа заклучени од 4K резолуцијата повторно ќе можат да го користат целосно бесплатно.

„Целосно го укинавме овој експеримент. Гледачите сега треба да имаат пристап до резолуција 4K без членство во Premium“, рече YouTube во одговор до еден корисник на Twitter.

Она што останува нејасно е што одлучи YouTube. Иако корисниците можат повторно да пристапат до 4K резолуција, тоа не значи дека компанијата нема да ја промени оваа одлука утре. Приказните за тестот воопшто не ни се јасни, бидејќи не ни е јасно зошто воопшто им беше потребен тест. Меѓутоа, доколку сакаа само да го почувствуваат пулсот на нивните корисници, одговорот беше прилично јасен и многу сличен на неодамнешниот обид да ни сервираат пет реклами пред почетокот на видеото.

Тагови
реклама

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе