Експертите советуваат како да се справите со несоницата

Луѓето кои се борат со несоница знаат колку овој проблем им го нарушува нормалниот ритам на секојдневниот живот.

Причините за несоница може да бидат физички по природа, како што се некои болни состојби, промени во животниот стил како работа во смени, но и состојби поврзани со менталното здравје како депресија, анксиозност или слично.

Една студија покажа дека 36 отсто од возрасните во Обединетото Кралство најмалку еднаш неделно се мачат да заспијат, а речиси половина од возрасните Британци имаат проблеми со спиењето барем еднаш месечно.

Методот на „парадоксална намера“

Некои експерти се залагаат за психотерапевтска техника наречена „парадоксална намера“, која го поттикнува лицето да се изложи на нешто што најмногу ги плаши. Во случај на проблеми со несоница, се препорачува личноста да остане будна, пишува Daily Mail.

Аргументот е дека соочувањето со стравот лице в лице може да резултира со намалување на анксиозноста. Во случајот со спиењето, помалата анксиозност значи дека е поверојатно лицето на крај да заспие.

Хусаин Абдех, клинички директор и надзорен фармацевт во Medicine Direct, објаснува: „Парадоксалната намера е терапевтска процедура која ги поттикнува пациентите да престанат да бидат опседнати со обидот да заспијат и наместо тоа да останат будни што е можно подолго. Обидувајќи се да останете будни, можеби сонот ќе дојде полесно. Ова е форма на предизвикување на вашиот нормален менталитет и процесот на размислување за спиење за да се намали притисокот и анксиозноста што ги имате поради спиењето“.

Прекумерната свесност за проблемот дополнително го продлабочува проблемот

„Често кога се чувствуваме вознемирени за нешто, премногу размислуваме за тоа, што може да го влоши проблемот и да создаде уште поголема вознемиреност. Затоа, ако едно лице престане да се обидува да заспие и намерно остане будно што е можно подолго , анксиозноста поради перформансите ќе биде значително намалена бидејќи лицето ќе се чувствува премногу уморно за да биде вознемирено“, вели тој.

Полесно се постигнува квалитетен сон со комбинација на методи со стручни совети

Лекарите ги советуваат луѓето да побараат помош од општ лекар поради долгорочен проблем со спиењето, но можно е да се практикува „парадоксалната намера“ и дома.

Во интервју за Glamour, д-р Катарина Ледерле, научник во програмата за терапија за спиење Somnia, објасни: „Можете да ги држите очите отворени додека лежите во кревет, удобно и тивко, дури и да си кажете: ‘Само држи ги очите отворени уште еден момент.’ Со тоа, се движите кон заспивање. Тоа значи дека телото и мозокот конечно можат да се смират и да се релаксираат“.

Абдех истакна дека несоницата „често подобро се лечи со однесување како парадоксална намера во споредба со фармаколошките интервенции“.

Сепак, Фил Лолор, експерт за спиење, забележа дека парадоксалната намера е најефикасна кога се практикува под водство на терапевт.

Тој додаде: „Парадоксалната намера е познато дека е ефикасна. Долгорочниот ефект е тоа што ја намалува анксиозноста за време на спиењето и дури може да го подобри квалитетот на сонот кај повеќето пациенти“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе