Експертка од СЗО: Омикрон варијанта не значи полесна форма на болест

Американскиот епидемиолог и експертка од Светската здравствена организација (СЗО) за COVID-19, Марија Ван Керхове, истакна дека варијантата омикрон не значи лесна форма на болест.

Во видео на Twitter, Керхове рече дека појавата на омикрон што циркулира нашироко и кој многу ефикасно се пренесува меѓу луѓето е она што предизвикува нагло зголемување на случаите на коронавирус во светот. Таа истакна дека омикрон брзо ја надминува варијантата делта во однос на циркулацијата.

Керхове нагласи дека една од работите што треба да се нотира е бројот на случаи кои се навистина се пријавени, односно укажа дека бројот на заразени веројатно е значително поголем бидејќи на многу места во светот има недостиг од тестови, контрола и следење на заразените лица. Исто така има голем број кои се тестирале со домашни тестови, а потоа позитивниот резултат не е пријавен.

– Она на што предупредуваме е дека и покрај тоа што имаме некои информации дека омикрон предизвикува помалку тешка форма на болест од делта, тоа не е лесна болест и ова е навистина важно бидејќи и на луѓе заразени со омикрон им е потребна хоспитализација.

– Значи, сфатете го ова сериозно. Наративот дека е како обична настинка не е точен, наративот дека предизвикува само блага форма не е вистинит, и затоа мораме навистина да се бориме против тоа, додаде таа.

Што се однесува на наводната нова варијанта „делтакрон“, Керхове повтори дека хибридот на варијантите делта и омикрон веројатно се случил како резултат на лабораториска грешка.

– Да не користиме зборови како „делтакрон“, „флуронa“ или „флурон“. Ве молам. Овие зборови укажуваат на идејата за комбинација на вируси / варијанти, а тоа не се случува. Делтакрон веројатно е резултат на контаминација за време на секвенционирањето. SARS-CoV-2 продолжува да се развива, напиша таа на Twitter.

Во меѓувреме, експертите на Светската здравствена организација предупредија дека администрирањето на засилувачките дози од оригиналните вакцини против Ковид не е остварлива стратегија против новите варијанти и повикаа на нови вакцини кои подобро штитат од трансмисија. 

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе