Електричниот авион Alice го изведе првиот пробен лет

Прототипот на целосно електричен патнички авион за прв пат полета на пробен лет и со тоа постигна значителен успех во авијацијата без загадување со јаглерод.

Станува збор за мал патнички авион за девет патници Alice, кој полета од меѓународниот аеродром Грант Каунти во Вашингтон.

Alice е понапреден од повеќето електрични авиони во развој и може да стане „првиот целосно нов целосно електричен комерцијален авион“ доколку Федералната управа за авијација издаде сертификат за превоз на патници.

САД се обидуваат да го решат проблемот со загадувањето и глобалното затоплување, што ги вклучува и емисиите во авијацијата. Целосно електричните авиони како Alice потенцијално би можеле да го решат проблемот со загадувањето на летовите на кратки релации помеѓу малите регионални аеродроми.

URL

Авионот е развиен од компанијата Eviation од Вашингтон, а дизајниран е за патнички и карго летови долги меѓу 240 и 400 километри. Таа должина одговара на растојанието помеѓу Њујорк и Бостон, или Лос Анџелес и Лас Вегас.

Пробниот лет траел само осум минути, а авионот достигнал висина од 1.000 метри. Целта на летот беше да се соберат податоци за да се подобри дизајнот на авионот, кој сè уште е на долг развојен пат пред да ги земе првите патници.

Alice ќе се произведува во три конфигурации, како патнички авион за девет патници, луксузен авон за шест лица и како е-карго верзија. За да ги направи поголемите авиони помалку загадувачки, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се фокусира на одржливи горива за авијација што би можеле да се произведуваат од пченка или дури и од комунален отпад.

Еден од предизвиците е дефинитивно технологијата на батерии. Батериите можат да го напојуваат авионот со обновлива енергија наместо со конвенционална енергија, но батериите се многу тешки, така што и ефикасноста е намалена. Покрај тоа, батериите немаат доволно енергија за подолги летови, а има и безбедносни проблеми бидејќи литиум-јонските батерии може неконтролирано да се загреваат и да се запалат.

Кога се ќе се земе предвид, јасно е дека експертите на Eviation ги чекаат години работа и тестови, така што Alice би почнал да се користи дури во 2027 година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе