Емотивниот Дејвид Бекам со часови чекаше за да се поклони пред кралицата

Славниот фудбалер Дејвид Бекам се поклони пред ковчегот на кралицата Елизабета Втора во Вестминстер Хол, по повеќечасовно чекање во редица.

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и на Реал Мадрид за Sky News изјави дека им се придружил на илјадниците луѓе во редот кон Вестминстер Хол за да оддаде чест на „посебната“ кралица.

Смртта на Елизабета Втора предизвика наплив на емоции кај дел од нацијата, а луѓето со часови чекаа, многумина и цела ноќ, за да оддадат почест на покојната кралица која почина минатата недела.

„Овој ден секогаш ќе биде тежок ден. Нашите мисли се со семејството. Многу е посебно да се слушнат сите овие приказни од луѓето овде. Најмногу посебен момент за мене беше примањето на Орденот на Британското царство од кралицата кој го добив во 2003 година. Со мене ги поведов баба ми и дедо ми, кои беа големи ројалисти. Имав голема среќа што можев да имам неколку такви моменти во животот на нејзиното величество. Ова е тажен ден, но е ден за паметење“, истакна емотивно Бекам.

Изјави дека чекал од 2 часот наутро, мислејќи дека нема да има гужва. Сепак, чекал повеќе од 12 часа.

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана во понеделник, во Виндзор. На последното испраќање се очекуваат над 2000 присутни.

Remote video URL
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе