Епидемиолошката состојба под контрола – тврдат надлежните, нема потреба од рестрикции

Нови 137 случаи на COVID-19 беа регистрирани вчера, оздравеа 131 лице, а починаа десет. Здравствените власти, сепак, епидемиолошката состојба ја оценуваат како генерално стабилна и сметаат дека засега нема потреба од рестрикции.

Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 64, потоа во Штип – 19, Струга – 14, во Куманово и Тетово – 7, Гостивар – 6, Охрид – 5, Кичево – 4, Свети Николе – 3, по 2 во Битола, Радовиш и Прилеп и по 1 нов случај во Велес, Крушево и Демир Хисар, соопшти Министерството за здравство.

Пациентите кои оздравеле се од Скопје – 41, Охрид – 36, Струга – 25, Тетово – 11, Штип – 10, Гостивар – 5, Велес – 3.

Од починатите, 5 пациенти се од Скопје, 2 од Куманово, по 1 пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што соопшти вчера Министерството за здравство, почина пациент на 66 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица на возраст од 79, 76, 82, 61 и 72 години.

Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81-годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во ОБ Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во „Филип Втори“ е починат пациент на 67 години.

Вкупниот брј на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.547, оздравени се 5.071, починати вкупно 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.034.

И натаму Скопје е со најмногу активни случаи на COVID-19 со 1.909, следуваат Штип со 333, Тетово со 297, Куманово – 252, Гостивар – 207, Свети Николе – 190, Струга – 184.

Активни случаи во скопските општини најмногу има во Чаир – 275, Гази Баба – 206, Аеродром – 200, Карпош – 174, Центар – 162, Кисела Вода – 158, Бутел – 140, Ѓорче Петров – 120, Сарај – 115, Студеничани – 109, Шуто Оризари – 105.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациенти и нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на COVID-19, седум позитивни деца, едно дете и една мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера ја оцени епидемиолошката состојба како генерално стабилна и дека има се помалку пациенти во болничките одделенија, па нема потреба од рестрикции. Тој нагласи дека засега нема најава за нови дополнителни рестрикции, нема никаква индикација, или пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува – и во однос на број на новодијагностицирани пациенти, и во однос на број на пациенти кои треба да се хоспитализираат.

Според него тој број е константен подолг временски период. Околу 10 проценти од вкупниот број активни дијагностицирани пациенти, како што вели, се сместени во болниците и така останува овој тренд. Тој смета дека добро се менаџира и оти епидемиолошката состојба ја имаат целосно на увид, имајќи го предвид, како што посочи, масовното тестирање што го прават.

Тој истакна дека не се планирани рестрикции во работата на економските оператори, ниту пак рестрикција во движењето во било кои делови на државата, нагласувајќи дека постојат протоколи и тие треба да се почитуваат, а доколку не се почитуваат треба да се санкционираат прекршителите.

– Во однос на прекршувањето на протоколите – има протоколи за работа буквално за сите економски оператори и веќе постапија надлежните инспекторати, како што се Државниот пазарен инспекторат и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а каде имаше потреба и Инспекторатот за труд, и со тоа се преземени соодветни мерки. Не може да се воведуваат рестрикции заради нечие непочитување на веќе постојните мерки и протоколи. Така што нема никаква индикација дека мерките ќе се заоструваат. Повторно апелирам да се почитуваат мерките. Сите економски оператори ги имаат добиено протоколите и нема проблем никаде каде тие се почитуваат, додаде Филипче.

Досега во земјава се направени вкупно 89.703 тестирања на COVID-19.

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле над 15,2 милиони луѓе. Од нив починале околу 622 илјади, а оздравеле 9,2 милиони луѓе.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе