Еротска мапа: Шпанците се најдобри љубовници, Бразилците се маратонци

Истражувањата покажаа дека одредени народи се поактивни во сексот во однос на другите.

Сексуалниот однос сè помалку е табу тема, а сè почесто тема за истражување. Научниците се обидуваат да дојдат до сознанија која поза е најдобра, која поза дава најголемо задоволство, но и како жителите на различни земји гледаат на сексуалните односи.

Резултатите од ова таканаречена еротска мапа се навистина интересни.

Јапонија – строга дисциплина

Јапонците се познати по строгата дисциплина, па од што се толку програмирани се да прават според правила, изгледа дека им згасна огнот во спалната соба.

Студија спроведена од демографи на Универзитетот во Нихон и антрополози од Меѓународниот христијански универзитет во Токио покажа дека четвртина од оженетите јапонски испитаници воопшто немаат интимни односи со брачниот партнер во период од една година.

Само 34% од луѓето во Јапонија имаат секс еднаш неделно.

Франција – кратко, но слатко

Французите се сексуално многу активни, не само што почесто имаат односи туку во претходни истражувања е веќе потврдено дека дури 41% од Французите учествувале во оргии, а 27% меѓу себе си ги менувале партнерите.

Кога станува збор за должината на односот, Французите сакаат кратко, но слатко задоволство.

Грција – ден без секс е залудно изгубено време

Морето, тропската клима и брановите секако влијаат на зголемено либидо, па не е чудно што во Грција сексот е дел од секојдневието.

Според истражувања спроведени од компанија за производство на средства за заштита и превенција од сексуално-преносливи болести, во Грција дури 87% од луѓето имаат секс еднаш неделно. Многу сакаат и да експериментираат, па сите познати Камасутра пози веќе им се пробани.

Норвешка – ладни однадвор, жестоки во кревет

Норвешка асоцира на студена и долга зима, па многумина тоа го поврзуваат и со менталитетот на луѓето. Сепак, кога станува збор за сексот, Норвешка доминира во еротски игри секојдневно, така барем тврдат 50% од жителите.

Обединето Кралство – љубители на фетиши и предигра

Британска анкета за водење љубов откри дека 1.5 милиони луѓе во Велика Британија имаат фетиш на стапала. Британците се многу посветени на фетиши и предигра, а некои градови се дури и светски лидери во тоа, како на пример Лидс.

САД – тројца за среќа

САД се на првото место за интимни односи во тројка. Според апликацијата за запознавање 3somer, Њујорк има најголем апетит за водење љубов со тројца партнери, а по него следат Лос Анџелес и Чикаго. Еден од девет Американци е полиаморна врска, што значи дека е во емотивна врска со повеќе партнери, со согласност на сите членови во овој однос.

Бразил – маратонци

Бразилците имаат најдолги интимни односи, според истражување сексот во Бразил во просек трае околу 30 минути. Изгледа дека сериозно сфатиле дека должината е важна, па кај нив тоа важи за минутажата, не за сантиметрите.

Италија – богови на задоволството

Италијанците се добри љубовници, повеќе од 80% од Италијанците уживаат во орално задоволство, покажа скорешно истражување. Дури четвртина од паровите заедно гледаат порно филмови, а 24% користат секс играчки.

Кина – најмалку оргазми

Кинезите во кревет имаат сличен проблем како и Јапонците, освен што не се доволно сексуални активни, тие имаат и проблеми да постигнат оргазам. Повеќе од половина од жителите не можат редовно да достигнат врв на задоволството.

Шпанија – најдобри во кревет

Шпанија е оценета како земја со најдобри љубовници во кревет. Ова го изјавиле жени од 20 земји, кои гласале дека Шпанците се најдобри во кревет, што и не е чудно, бидејќи со години го носат овој епитет.

Тагови
реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Љубов и секс

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе